8 есенски парчиња за жени над 40 со кои секогаш ќе изгледате тренди
Палто од велур, широки дебели панталони, но и плетен комплет. Осум парчиња кои ќе ви бидат доволно за оваа есен да изгледате тренди.

Ако сакате да се подновите за новата сезона, но немате идеја, секогаш можете да се консултирате со трендовите.
Оваа есен се става фокус на поедноставните и поудобните парчиња, кои, пак, се идеални и за жени над 40 години.
Осум модни парчиња за оваа есен:
Палто од велур
Палтотo од велур изгледа елегантно, дури иако го облечете со фармерки.
Идеално е за слоевити комбинации кои ни се омилени на есен.

Мек кардиган
Кардиганот е лесен за комбинирање и изгледа одлично и во лежерни, и во комбинации за на работа.
Можете да го купите во која било боја, само осигурете се дека е од природен материјал, како памук или кашмир.

Мек шал
Иако шалот е повеќе зимски додаток, некогаш и во есен може да биде од корист.
Кога температурите уште не се под нулата, можете да го комбинирате со потенки палта и тоа не да го носите само на вратот, туку можете дa ги покриете рамената со него, или главата.
Најдобро е да купите во понеутрална нијанса за полесно да го комбинирате.

Плетен комплет
Плетените комплети ќе бидат хит и оваа сезона, а со нив ќе изгледате одлично без многу планирање.
Идеални се за минималистички комбинации, а ако ви делуваат монотоно, секогаш можете да ставете повеќе накит.

