8 модни парчиња за тренди есенски комбинации
Волнено здолниште
Волненото здолниште ќе им даде доза елеганција на есенските комбинации, а истовремено и ќе ве стопли.
Кратките волнени здолништа одамна се популарни, додека оваа сезона поглем хит се макси здолништата.

Панталони со риги од страните
Широките и удобни панталони со риги, кои наликуваат и на тренерки, хит се и оваа есен.
Мошне добро изгледаат со UGGs чизмички, но и со патики.

Широки фармерки
Иако многу краток период повотрно се прославија тесните фармерки, оваа есен сепак им се враќаме на широките модели, кои се и многу поудобни.
Како и со секој модел на фармерки, можностите за комбинирање се безбројни.

Плетен фустан
Долгите плетени фустани ќе бидат хит и оваа есен, а се мошне лесни за комбинирање.
Изгледаат добро и со чизми и со патики, а можете да ги комбинирате и со секакви палта – кожена јакна, дебело сако, мантил…

Спирова С. | Црнобело
