8 модни парчиња за тренди есенски комбинации
Краток мантил наместо долг, кошула на риги, но и бермуди во комбинација со хулахопки и високи чизми.

Оваа есен ѝ се дава предност на удобноста, но и минималистичкиот стил.
Па, кое тренди парче и да го купите, сигурно лесно ќе го искомбинирате со облеката што веќе ја имате.
Осум модни парчиња што ќе ги освежат есенските комбинации:
Краток мантил
Ако минатата есен се носеа што е можно подолги мантили, годинава хит се кратките модели.
Како и долгите, и кратки мантили изгледаат добро со фармерки и патики, како и со поелегантни комбинации.

Кожена јакна
Кожената јакна никогаш не излегува од мода, а годинава мошне популарни се моделите со бордо боја, но и посветли нијанси.

Бермуди
Иако бермудите ги поврзуваме со лето, во комбинација со хулахопки и високи чизми можат да бидат идеално парче за есен.
Оваа сезона хит се комбинациите со широки сакоа и џемпери.

Кошула на риги
Уште едно парче што е класика и може да ви се најде во многу есенски комбинации.
Покрај елегантните аутфити, кошулата на риги е идеална за полежерни комбинации со фармерки.

