Бившата и сегашната девојка на Бредли Купер издоминираа на ревијата на Victoria’s Secret (фото)
Џиџи Хадид се појави во два различни аутфита - во розова долна облека со долга наметка и во бела креација со ангелски крилја, додека Ирина Шајк прошета на пистата во проѕирна долна облека со циркони и во црвена креација.

Вчеравечер во Њујорк се одржа традиционалното модно шоу на Victoria’s Secret - вечер посветена на сензуалната долна облека и „ангелите“ на познатиот бренд.
Откако неколку години правеше пауза, шоуто имаше спектакуларен камбек минатата година, но и овој пат беше вистински мевлем за очи.

На пистата прошетаа Бела Хадид, Адријана Лима, Ешли Греам, Алесандра Амбросио, Барбара Палвин, Бехати Принслу, Емили Ратајковски.
Но, големо внимание привлекоа и две манекенки кои го одбележаа животот на актерот Бредли Купер - Ирина Шајк, со која има ќерка, и Џиџи Хадид, со која е во врска повеќе од една година.

Џиџи се појави во два различни аутфита - во розова долна облека со долга наметка и во бел едноделен корсет со платнени ангелски крилја, кои не ѝ беа на грбот, туку во нив ѝ беа рацете.
Ирина, прошета на пистата во проѕирни гаќички со циркони и корсет во истиот стил, додека на главата имаше украс од розови пердуви, споени со сребрена, впечатлива круна, а потоа и во црвена креација.

И Ирина и Џиџи изгледаа одлично на модната писта, а коментарите на социјалните мрежи се дека и едната и другата издоминираа на шоуто.
Кликнете на видеата за да ги погледнете:
Повеќе фотографии:






А. Ј. | Црнобело
