Јакни и палта што треба да ги избегнувате по 45-тата година – прават да изгледате постаро
Тексас јакната може да ве подмлади, но сè додека е еднобојна. Моделите со принтови, особено цветни, додаваат години.

Не мора да се ограничувате во однос на облека поради вашата возраст бидејќи ако го знаете својот стил, скоро сè може да ви стои добро.
Сепак, по одредена возраст, некои парчиња можат да делуваат премногу детинесто, да ви ги нагласат брчките или, едноставно, да направат да изгледате неуредно и постаро одошто сте.
Палта и јакни кои може да ве „остарат“ по 45-тата година:
Тексас јакна со принт
Тексас јакните можат да ве подмладат, но ако веќе сте во 40-тите, држете се до еднобојните модели.
Јакните со принтови, особен со цветови, може да делуваат премногу детинесто за ваша возраст.
Истуткан мантил
Истутканите мантили се уникатно парче облека, но обично им стои добро на помлади девојки.
Главно изгледаат добро со лежерни комбинации, па ако ги облече повозрасна жена, особено со поелегантни парчиња, може да изгледа неуредно.
Металик бомбер јакна
Уште едно уникатно парче кое иако изгледа стилски, не се вклопува најдобро во комбинации за жени над 45-50 години.
Металик јакните делуваат премногу нападно, а поради сјајот на материјалот, можат дури и да ги нагласат брчките на вратот и лицето.
Ако имате над 45, многу подобро ќе изгледате со посуптилна јакна, со мат финиш.
Полнета јакна со ретро дезен
Полнетите јакни се идеални за лежерни комбинации, но најдобро избегнувајте ги ретро дезените ако имате над 45 години бидејќи може да ви додадат години.
Многу широк капут
Широката облека е вистински хит, а истото важи и за капутите.
Сепак, ако сте повозрасни, давајте им предност на потесните и струкирани модели.
Во многу широк капут може да изгледате како да сте маскирани и да делувате неуредно.
Бунда во дречлива боја
Бундите од вештачко крзно се синоним за елеганција и навистина им стојат добро и на повозрасни дами. Но, кај ваквите модели треба да бидете внимателни со бојата.
Дречливата бунда нема да ви стои многу добро ако имате над 45-50 години. Делува кич, а може и да ги нагласи брчките на лицето.
На ваша возраст, најдобро држете се до понеутрални нијанси.
Спирова С. | Црнобело
