Идеи како да бидете празнично облечени, а да не личите на кич новогодишна елка (фото)
Црвена боја, зелена боја или бели светки како снегулки се дефиницја за празничен стил, но треба да знаете да не претерате и да ги комбинирате со вкус. Ви нудиме неколку идеи за инспирација.

За време на празничниот период, доколку сакате да се облечете тематски, тоа не значи дека мора да бидете како новогодишна елка или со „грд божиќен џемпер“.
Бордо боја на вино или повпечатлива новогодишна црвена е идеална за комбинација, но и темно зелена, како и белите и сребрени светки кои асоцираат на снегулки.
Но, важно е добро да ги искомбинирате и да не пробувате да ставите сè во еден аутфит, за да изгледате стилски и со вкус.
Зависно дали ви треба аутфит за на слава, за предновогодишна забава, за корпоративен настан или за дочек на новата година, одберете го најсоодветниот за вас и блеснете во празничен сјај.
Инспирирајте се:
М. М. | Црнобело
