Седум парчиња што изгледаат одлично со тесни фармерки
Широко сако, бејзбол капче, но и високи чизми – омилениот модел на милениумците повторно е хит, а се комбинира многу полесно од широките фармерки.

Иако имаше период кога се сметаа за „демоде“, тесните фармерки повторно стануваат хит.
По доминацијата на широките фармерки, омилениот модел на милениумците, кој беше мошне популарен до 2016 година, повторно го гледаме насекаде.
А, ако сте направиле пауза од тесни фармерки, па немате идеја како да ги комбинирате, имаме неколку предлози за вас.
Седум тренди комбинации со тесни фармерки:
Широко сако и тесни фармерки
Најлесно е да ги комбинирате тесните фармерки со пошироки парчиња.
Широкото сако со нагласени рамена го трга фокусот од долниот дел на телото и делува мошне убаво.
Под сакото можете да облечете обична маичка или ролка за постудените денови.

Чизми до колена и тесни фармерки
Чизмите до колена се идеални за здолништа и фустани, но исто добро изгледаат и со тесни фармерки.
Во зависност од моделот на чизмите, можете да ја надополните комбинацијата со џемпер, кошула, но и сако.

Долг капут и тесни фармерки
Слично како со широкото сако, и долгиот капут создава контраст со тесните фармерки.
Долгиот балонер или елегантниот капут со должина до под колената одлично надополнува тесните фармерки.

Широк џемпер и тесни фармерки
И ова е аутфит кој создава контраст, а може да се смета за класика.
Комбинацијата е идеална за дневни излегувања, а можете да ја надополните со патики, но чизми.

Тесни фармерки и бејзбол капче
Полежерните аутфити со тесни фармерки секогаш можете да ги дополните и со бејзбол капче.
Изгледа добро со патики, но можете да експериментирате и со чизми.

Тесни фармерки за монохроматски изглед
Кога не сте сигурни што да облечете, никогаш нема да погрешите со монохроматска комбинација.

Тесни фармерки и мокасини
Мокасините се мошне популарни оваа сезона, а се идеални и за пролет.
Притоа, можеби најдобро изгледаат со тесни фармерки.

Спирова С. | Црнобело
