Нина Ангеловска издоминира во фустан со оскаровски гламур на настан, покрај сопругот (фото)
Со елеганција и префинетост во впечатлива тоалета блесна Нина Ангеловска, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија, покрај сопругот д-р Виктор Станков, уролог обучен за роботска хирургија, кој се одлучи за елегантен костум.

На 11-ти март се одржа свечената церемонија во рамки на изборот на најдобрите е-трговци во Македонија „E-commerce Awards 2025“, во организација на Асоцијацијата за е-трговија, a во улогата на домаќин на настанот ја видовме Нина Ангеловска.

Таа во раскошна тоалета, со пеперутки во горниот дел од креацијата, остави силен впечаток.
Со оскаровски гламур и елеганција Нина се појави на сцената.

Креацијата е на нашата дизајнерка Моника Коцарева, а шминката на Даниел Николовски.


Нина, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија, на Балканската Алијанса за е-трговија и на Алијансата за родова еднаковост на работното место, на настанот се појави со својот сопруг, д-р Виктор Станков, уролог обучен за роботска хирургија на глобална програма.


Инаку, на овогодишниот избор беа номинирани 217 е-трговци, кои се натпреваруваа во 18 категории, а во рамки на свечената церемонија на E-commerce Awards 2025 беа доделени вкупно 38 награди.

Со овие признанија се наградуваат најуспешните е-трговци според нивните постигнувања во различни аспекти на онлајн продавањето.
Уште неколку фотки од модниот избор на Нина:




Прочитајте и Нина Ангеловска за престојот во Кина со сопругот и бебето: „Овошје на тезга се плаќа со QR код, во хотелот нè услужуваат два робота“
С. С. | Црнобело