6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации
Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неколку модни предлози идеални за оваа пролет.

Времето конечно е потопло и имаме поголема слобода да експериментираме со облеката.
Кога станува збор за панталони, фармерките се класика секоја сезона, но оваа пролет доминираат и други модели.
Шест тренди модели идеални за пролетните комбинации:
Широки сатенски панталони
Оваа сезона особено популарни се широките, лелеави модели од сатен или свила.
Лесниот материјал ги прави мошне удобни, а сјајната текстура им дава елегантен изглед.
Одлични се за вечерни комбинации кога не ви се носи фустан, но можете да ги комбинирате и со кошули и мокасини за полежерен изглед.

Фармерки со низок струк
Моделот кој доминираше во раните 2000-ти повторно е во тренд.
Изгледаат добро со маички, широки кошули или сако со полежерен крој.

Панталони со риги
Ригите никогаш не излегуваат од мода, а оваа сезона се доста популарен дезен за панталони.
Вертикалните риги визуелно ја издолжуваат фигурата, па нема да погрешите со овој модел без разлика на вашиот тип тело.
Можете да ги носите со еднобојно или сако со ист дезен, како костим.
Исто добро изгледаат и со едноставни, еднобојни блузи кошули за дневен изглед.

