Александар Тарабунов - впечатлив, дамите во корсети и класични модели: Што облекоа гостите на Моден викенд Скопје?
Сања Савеска и Марјана Станојковска се решија за класика - црни фустани, Агнеса Органџиева носеше два впечатливи аутфити во две различни вечери, а Александар Тарабунов воодушеви со својот стил. Што облекоа посетителите на Моден викенд Скопје?

Викендов во Diamond Mall се одржа 32-рото издание на Моден викенд Скопје.
А меѓу посетителите се појавија многу телевизиски водители, инфлуенсери, но и модни дизајнери кои немаа свои ревии, но дојдоа за да ги поддржат колегите.
Меѓу присутните беа и Сања Савеска, Марјана Станојковска, Агнеса Органџиева, Александар Тарабунов, Валентин Петрески, Стефанија Кржеска, Алмедина Исмајли, Филип Крстевски, и други.
