Весна (61), стоматолог од Куманово, модно издоминира меѓу посетителите на Моден викенд Скопје 2026
Од плишани ракавици и масивен прстен до шапки и нокти со специјални украси, Весна Бруно знае како да издоминира на секој моден настан во нашата држава, па така беше и сега.

Таа знае како! На секој моден настан Весна Бруно (61) успева да ги привлече погледите со својот впечатлив моден стил и способноста да износи парчиња, кои други не би се осмелиле ниту да помислат да ги облечат.
Весна Бруно е стоматолог од Куманово и самоуверена модна дама.
Таа постојано е дел од разни настани и случувања во нашата држава, но е инспиративна и со нејзината страст за патувања.
Секоја година за својот роденден (14.09.) оди на егзотично патување.
Па, така во 2024-та година 60-тиот роденден го прослави во прекрасниот Мадагаскар, додека претходните во Непал, Колумбија, Маврициус итн.
На две од трите вечери на Моден викенд Скопје 2026 се појави во црни аутфити со впечатливи шапки, украси на ноктите и низа други модни моменти.





