Модни формули за најпопуларните пролетни комбинации на Pinterest (со облека што веќе ја имате)
Бели фармерки со тексас кошула или сив џемпер, во комбинација со црни мокасини или, пак, црно сако со фармерки – ова се парчиња што сигурно ги имате дома, а се доволно за да направите тренди пролетни комбинации.

Pinterest е одличен извор на инспирација кога е во прашање мода. Но, факт е дека некогаш е невозможно да ги копирате комбинациите што ви се допаѓаат без да купувате нова облека.
Сепак, за некои аутфити, доволно ви е само да ја следите „модната формула“ и да добиете комбинација што ќе изгледа исто, а можеби и многу подобро.
Во гардероберот веќе сигурно имате „основни“ парчиња како фармерки, кошула и балетанки, па лесно можете да копирате нешто.
Модни формули за најпопуларните Pinterest комбинации:
Бела кошула + црни панталони + рамни чевли

„Барн“ јакна + сив џемпер + фармерки

Сина кошула + широки фармерки + црни мокасини или балетанки

Тексас кошула + бели фармерки + светли рамни чевли (или кломпи)

Црно сако + фармерки + мокасини

Бела маичка + фармерки + впечатлива чанта

Сив џемпер + бели фармерки + црни мокасини или балетанки

Спирова С. | Црнобело
