Нашиот Андреј Пајмакоски издоминира во модното списание High Voltage
Еден од нашите најдобри машки модели кои работат интернационално, се најде во новиот број на престижното модно списание High Voltage.

Иако нашиот Андреј веќе има соработувано со најголемите светски брендови како Versace и Boss, овој пат се најде во моден едиторијал каде е облечен во неколку оригинални модни парчиња.
Неговата фантастична кариера како интернационален модел го одведе во различни модни центри каде го градеше своето респектабилно портфолио.
„Пајмакоски ги поседува сите модни параметри за успешна кариера. А ако на тоа се додаде и неговата огромна посветеност, успехот е неминовен“, велат од неговата матична агенција Моделс Ин Менаџмент.
Посебно сме горди што имаме неколку машки модели кои работат рамо до рамо со најдобрите признати светски модели, помеѓу кои е нашиот единствен Андреј.
