Пет начини како да носите бермуди ова лето (фото)
Со елек, со маичка на кратки ракави, а во постудените летни ноќи, со тенко џемперче или пуловер.

Летово бермудите се меѓу најпопуларните модни парчиња, а во зависност од моделот, добри се и за лежерни, и за деловни комбинации.
Изгледаат одлично со летни чевли како балетанки и сандали, а навистина лесно се комбинираат со секакви парчиња.
Достапни се многу модели, па сигурно ќе можете да ги вметнете во вашите аутфити, без разлика каков ви е стилот.
Пет предлози како да носите бермуди ова лето:
Со маичка на кратки ракави
Ова е комбинација со која нема да погрешите.
Бермудите, особен моделите од тексас, изгледаат навистина добро со маичка на кратки ракави, а комбинацијата можете да ја комплетирате со минималистички балетанки, влечки, но и патики.

Со тенок џемпер
За постудените летни ноќи, бермудите можете да ги комбинирате и со тенко џемперче или пуловер.

Со топ без прерамки
Ако ви се допаѓа модата од раните 2000-ти, тогаш дајте ѝ шанса на оваа комбинација.
Бермудите во комбинација со топ без прерамки изгледаат добро и со штикли, па овој аутфит е идеален и за ноќно излегување.

Со костим за капење
Бермудите можат да бидат добро парче и за на плажа.
Можете да ги комбинирате со едноделен костим за капење и апостолки.

Со елек
На работа, можете да ги комбинирате бермудите со елек, а можете да купите и комплет.
Елекот ќе ви послужи и за полежерни комбинации, со бермуди од тексас.

Спирова С. | Црнобело