Трендовски парчиња позајмени од вашето момче

Како што се ближи есента, така доаѓа и сезоната на големите џемпери и необичните модни додатоци. Проверете го плакарот на вашето момче во кој сигурно се крие едно од овие 4 парчиња и одберете барем едно кое ќе го износите оваа есен.

trendovski-parcinja-pozajmeni-od-vaseto-momce-1

1. Огромен џемпер. Големите плетки се исто толку модерни како и за девојките, така и за момците. Затоа најпрво тргнете во потрага по интересен џемпер кој ќе се вклопи со вашите омилени чизми и тесни фармерки.

trendovski-parcinja-pozajmeni-od-vaseto-momce-2

2. Обична бела маичка. Парче кое секој маж го поседува. На ден- два сигурно и вас нема да ви стои лошо. Интересна комбинација со тесен џинс и необична кожна јакна ќе и даде нов изглед на обичната бела маичка.

trendovski-parcinja-pozajmeni-od-vaseto-momce-3

3. Интересен часовник. Часовникот кој понекогаш на шега знаете да го поносите, овој пат нека биде ваш главен аксесоар. Масивните машки часовници изгледаат привлечно на секоја девојка.

trendovski-parcinja-pozajmeni-od-vaseto-momce-4

4. Шапка. Можеби не секое момче обожува да носи Федора шапка, меѓутоа ако во неговиот плакар најдете една ваква – позајмете ја!

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025 Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
10 модни трендови кои повторно се вратија во мода (и ќе ги гледате насекаде) Крокс сандалите повторно се во мода и се носат на секакви комбинации, бубрежињат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg