10 трендови за шминкање оваа есен

Истакнете ги очите, обојте ги усните или пак истакнете ги образите. Оваа есен ви нуди повеќе тренди изгледи отколку што очекувавте.

Ова се 10-те трендови за сезоната која следи:

1. Кармин со боја на вишна. Традицијата на темно црвен кармин и оваа есен продолжува. Ништо повеќе не ви е потребно освен нагласени образи и вампирски усни.

10-trendovi-za-sminkanje-ovaa-esen-1

2. Кафени зачадени очи. Замена за класичните црни зачадени очи, оваа есен се кафените тонови. Во комбинација со бледи усни и беспрекорен тен изгледаат прилично мистериозно.

3. Зелена сенка. Маслинестите нијанси се повеќе се актуелни. Вештачките трепки или пак повеќе слоеви на маскара се најдобрата комбинација која можете да ја одберете за оваа есен.   

10-trendovi-za-sminkanje-ovaa-esen-2 4. Графички мачкини очи. Драматичен изглед само за похрабрите девојки. Беспрекорна кожа, бледи усни истакнати црни очи се одличен избор за вечерните излегувања.

5. Златни нијанси. Истакнати образи и очи во бронзени и златни тонови се минималистичкиот избор за секојдневните прошетки. Одлично можете да ги вклопите со истакнати и големи трепки.

10-trendovi-za-sminkanje-ovaa-esen-3

6. Кобалтно-сини акцентирани очи. Црниот елегантен туш за очи, оваа есен заменете го со син. Едноставното истакнување на очите оваа есен е поинтересно од вообичаено.

7. Светли, мат усни. Порцеланска кожа во комбинација со светла нијанса на розовата или портокаловата боја се еден од главните избори оваа сезона. Подобро е да ги избегнувате сјаевите за усни и мрсните кармини.

10-trendovi-za-sminkanje-ovaa-esen-4

8. Совршена кожа. Тренд кој никогаш не излегува од мода. Совршено одбрана подлога, пудра и коректор се вашите најдобри пријатели во овие студени денови.

9. Природно румени образи. Доколку имате природно руменило на образите не го покривајте целосно. Напротив, направете се што можете да го истакнете.

10. Негувани и дебели веѓи. Повеќе не се грижете дали вашите веѓи се совршено обликувани. Доколку имате светли или ретки веѓи здебелете ги за да ги истакнат вашите очи. Доколку веќе подолго време не сте ги обликувале, не ни има потреба сега да го правите тоа. Оваа есен природниот изглед е вистински хит.

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg