Бургунди (трула вишна) - моден погодок оваа есен
Во средината на есента блеснете со префинетост и елеганција благодарение на темно црвените тонови.
Еден од водечките трендови за оваа сезона, во склоп со природата е токму темно црвената нијанса - „трула вишна” или уште и позната како бургунди.
Испробајте ја во секакви комбинации, од секојдневните лежерни фармерки, па сè до вечерните и класични фустани. Неверојатно, но вистинито – никако нема да погрешите доколку оваа есен црната боја ја замените со темно црвените тонови.
Неутралните тонови се најдобар пријател на оваа нијанса на црвено, кога станува збор за секојдневни комбинации.
Во вечерните додајте малку повеќе драматичност и комбинирајте со впечатливи бои и детали.
Ви нудиме мала инспирација која ќе ви помогне секоја комбинација да ја претворите во есенски моден погодок.
-->
|
Би можело да ве интересира:





