Тренди модни додатоци за студените денови

Доколку во студените денови ја губите желбата за модни додатоци само заради помислата дека нема ни да се гледаат, грешите.

trendi-modni-dodatoci-za-studenite-denovi-01

Постојат неколку интересни начини како можете да се затоплите, а истовремено да изгледате префинето.

Појасот над палтото не само што совршено ја истакнува вашата половина, туку и го освежува вашиот зимски изглед.

Одлучете се за широк појас кој се вклопува со стилот и боите на вашето палто, наместо стандардните појаси кои се дел од секоја наметка.

trendi-modni-dodatoci-za-studenite-denovi-1


Долгите ракавици изгледаат стилски и гламурозно и одлично се комбинираат со зимските пелерини или наметки без ракави. Доколку сте доволно храбри, експериментирајте со масивни нараквици над ракавиците.

trendi-modni-dodatoci-za-studenite-denovi-2


Украсените јаки може да ги носите над палтото, наместо на кошулите. Оваа зима украсените јаки го продолжуваат трендот, меѓутоа на наметките. Украсете ги јаките на вашите палта со монистри за необичен изглед.

trendi-modni-dodatoci-za-studenite-denovi-3


Дебелите ѓердани се единствен детаљ кој се забележува на секаква облека, па затоа одлучете се врз џемперот или наметката да додадете едно вакво парче накит.

trendi-modni-dodatoci-za-studenite-denovi-4

За брз и едноставен модерен изглед покрај овие неколку идеи носете и големи чанти, марами, капи со необични плетки, брошеви или впечатливи очила.

Би можело да ве интересира:

14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025 Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg