Како да направите чоколаден балсам за усни?

Љубител сте на чоколадото, па затоа посакувате вкусни и миризливи чоколадни усни? Испробајте да го направите тоа задоволство во само неколку чекори, во домашни услови.

napravete-sami-cokoladen-balsam-za-usni-01

Потребни состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица пчелин восок
  • 1 капсула витамин Е
  • 1 лажица изрендано црно чоколадо
  • 10-12 капки есенцијално масло по желба

Како да го подготвите балсамот:

На пареа растопете го восокот заедно со маслото и додајте им ја капсулата витамин Е. Изрендајте го чоколадото и почекајте смесата да се соедини. Не претерувајте со чоколадото, бидејќи тоа само може да ја стврдне смесата. За крај додајте неколку капки есенцијално масло по желба и смесата пресипете ја во мала пластична кутија. Ставете ја во фрижидер, се додека не се стврдне.

Покрај прекрасниот мирис и вкус, овој балсам е полн со витамини и масла кои многу помагаат во текот на целата година. Затоа, воопшто не двоумете се дали да го испробате. Ќе бидете воодушевени со колку малку труд може да направите неверојатен препарат за нега на усни.

Би можело да ве интересира:

10 едноставни промени што треба да ги направите за да изгледате елегантно Кај формалната облека ракавите секогаш треба да завршуваат до зглобовите, а долн...
Омилена летна „униформа“ – долги, макси фустани со шарени дезени (фото) Доколку сте љубители на едно парче облека со кое сте стокмени „од глава до пети“...
Модни комбинации за најхрабрите: Како да носите портокалова боја? (фото) Погледнете ги овие весели и впечатливи комбинации со портокалова боја и признајт...
Минималистички деловни комбинации со кои нема да погрешите оваа есен (фото) Најдоброто нешто кај минималистичките комбинации е нивната практичност, а бидејќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg