2013 е година на модната слобода

Додека сè уште уживаме во топлите капути, марами и високи чизми, пролетта која ни претстои ќе биде многу позабавна од минатата. Дозволени се многу бои, комбинации на материјали, како и животинските и цветните принтови.

2013-e-godina-na-modnata-sloboda-02

Прв и незаменлив тренд е токму смарагдната боја. Ревиите уште на почетокот на оваа година беа преплавени со најразлични нејзини нијанси и комбинации, кои не останаа незабележани. Во комбинација со црната и белата, настануваат неверојатни вечерни комбинации, додека заедно со земјените неутрални нијанси, е одличен избор за дневниот изглед.

Уште едно враќање на модната сцена имаа и макси фустаните, во весели бои и уникатни шари. Романтични, лежерни и задолжителни за оваа пролет.

Цветните шари не се задолжителни само за макси фустаните или здолништата, туку за било кое пролетно парче облека. Цветовите се уште еден хит кои ќе започне да се носи со првото појавување на пролетното сонце, па затоа одберете некој интересен целосен комбилизон или пак мини фустан за вечерните забави со уникатна цветна шара.

2013-e-godina-na-modnata-sloboda-03

Широки блузи и кошули се последниот тренд со кој оваа пролет ќе може да експериментирате. Заедно со панталони со висок струк во пастелни бои и интересни аксесоари, како на пример украсените јаки, ќе изгледаат неверојатно.

Пред сè одбирајте комотни, шарени и весели парчиња облека и не заборавајте да ги комбинирате со многу вкус. Експериментирајте со мешање на принтовите и шарите. Не ги заборавајте впечатливите аксесоари и можете да кажете дека сте подготвени за пролетта која следи.

2013-e-godina-na-modnata-sloboda-04

2013-e-godina-na-modnata-sloboda-05

2013-e-godina-na-modnata-sloboda-06

2013-e-godina-na-modnata-sloboda-07

2013-e-godina-na-modnata-sloboda-08

2013-e-godina-na-modnata-sloboda-10

2013-e-godina-na-modnata-sloboda-11

2013-e-godina-na-modnata-sloboda-12

2013-e-godina-na-modnata-sloboda-13

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
10 кул летни трендови за нокти (овошје на рака, „сирена“ нокти) Од нежно розови до впечатливи нокти со апстрактна уметност на нив, каков избор ќ...
Комбинации со чизмите кои се хит за оваа сезона – ги обожаваат и Македонките (фото) Оригиналните Givenchy чизми на преклоп кои ги носи Аделина се околу 4.000 евра, ...
8 есенски парчиња за жени над 40 со кои секогаш ќе изгледате тренди Палто од велур, широки дебели панталони, но и плетен комплет. Палто од велур,...

Најчитани неделава