Трендови од 2012 година кои се модерни и во 2013

Неколку трендови кои ја одбележаа минатата година, ќе го продолжат трендот и во годината која претстои.

trendovi-od-2012-godina-koi-se-moderni-i-vo-2013-01

Според локните на пистите уште на почетокот на 2013тата, плетенките и впечатливите кармини, забележуваме дека од овие неколку трендови нема да се одделиме лесно.

Холивудски бранови

trendovi-od-2012-godina-koi-se-moderni-i-vo-2013-1

Прекрасната виткана коса префрлена од едната страна, исто како во стилот на стариот Холивуд, се враќа во мода и оваа година. Доколку имате потреба да изгледате елегантно и гламурозно, воопшто не двоумете се – холивудските бранови се вистинското решение.


Усни обоени во циклама

trendovi-od-2012-godina-koi-se-moderni-i-vo-2013-2

Дречливите розови усни и оваа пролет нека бидат ваш главен избор. Природниот изглед надополнете го со неколку слоеви маскара и впечатлив розов кармин.


Плетенки

trendovi-od-2012-godina-koi-se-moderni-i-vo-2013-3

Изгледа како модата на плетенките никогаш да не им поминува. Во најразлични облици и големини, и оваа година ќе бидат на врвот кога станува збор за модните трендови. Одберете растурена, нежна и романтична плетенка за секојдневен изглед, додека во вечерните часови одлични се високите, елегантни пунџи направени од класична плетенка.


Светло розов кармин

trendovi-od-2012-godina-koi-se-moderni-i-vo-2013-4

Одличен за секој ден, неверојатен за романтичен вечерен изглед, а можете да го комбинирате со елегантни мачкини очи.


Нагласени веѓи

trendovi-od-2012-godina-koi-se-moderni-i-vo-2013-5

Ако во 2012 ова не го направивте, сега е вистинското време – оставете ги вашите веѓи да израснат и да ја добијат природната форма. Ако пак имате ретки веѓи, пронајдете неколку трикови со кои ќе може да ги здебелите и пополните.


Бордо усни

trendovi-od-2012-godina-koi-se-moderni-i-vo-2013-6

За девојките со чоколаден тен и темна коса имаме одлична вест. Бордо карминот е совршен избор ако сакате да создадете драматичен, вечерен изглед, а покрај тоа е и еден од водечките трендови за оваа година.


Шишки

trendovi-od-2012-godina-koi-se-moderni-i-vo-2013-7

Рамните шишки во 2012 година ги најавија многу познати личности, а во текот на 2013 година изгледа ќе се практикуваат многу повеќе. Одберете еден вид кој најдобро ви стои, кој мислите дека е најлесен за одржување и освежете ја вашата фризура.

Би можело да ве интересира:

8 трендови од 2016, кои се враќаат во мода во 2026, откако сите се опседнаа Од популарните чанти кои ги носеа „it“ девојките, до тенка марама околу врат, бо...
8 трендови за накит кои ќе доминираат во есен 2025 – треба да ги имате и вие Бисери во секоја варијанта, комбинација од жолто-златни и сребрени метали, ланчи...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
10 кул летни трендови за нокти (овошје на рака, „сирена“ нокти) Од нежно розови до впечатливи нокти со апстрактна уметност на нив, каков избор ќ...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg