Како „Сексот и градот“ ја промени модата?

Најпопуларната женска серија имаше неверојатна моќ врз модата и личниот стил на секоја жена. Во суштина, серијата го промовираше личниот стил на четири пријателки, секоја позната по една основна карактеристика.

kako-seksot-i-gradot-ja-promeni-modata-1

Кери носеше неверојатно добар спој на ретро модата и високата мода. Сериозната Миранда секогаш се појавуваше во минималистички одела со кои испраќаше порака на силна и моќна жена, додека Шарлот ги обожаваше фустаните кои беа по малку ретро, но кроени како за неа. Саманта беше ексцентрикот, која носеше се што беше нападно и што го оцртуваше женското тело.

Виновникот за овие модни комбинации беше токму костимографот Патриша Филд, која всушност се прослави со тоа што го разработи стилот на овие четири модни икони, до последен детал.

Лудило по чевли

Кери Бредшо во момент на финансиска паника, во самото шоу изјави: „Потрошив преку 40.000 долари на чевли, а немам стан. Изгледа ќе бидам стара жена која живее со своите чевли.“

Таа имаше преку 100 пара чевли, секој пар уникатен и со многу важен дизајнерски потпис. Сандалите Џими Чу станаа на еден начин луксуз кој мора да го поседувате, исто како и чевлите со потпис на Маноло Бланик.

Торби како главен моден додаток

kako-seksot-i-gradot-ja-promeni-modata-2

Фенди чантата на Кери го преврти модниот свет наопаку. Без оглед дали се работеше за вечерни комбинации или дневен ручек со пријателките, таа секогаш носеше впечатлива чанта која го надополнуваше нејзиниот стајлинг.

Модни додатоци

Миранда ги оживеа чантите и чевлите во светла пудра боја. Саманта ги нагласуваше упадливите, секси наочари.

Кери никогаш не смееше да си дозволи да го погреши стајлингот. Цветни фустани, огрлици, каиши, прстени, марами – се мораше да биде најдобро комбинирано.

Саманта секогаш беше препознатлива по брошовите и скапиот дијамантски накит, истакнувајќи ја женствената и моќна страна на модните додатоци.

Миранда се држеше до едноставноста, додека Шарлот беше порцеланска принцеза, секогаш облечена со многу вкус и модни додатоци како скапи чанти, чевли, очила и бисери .

Секси голотија

Секси страната на секоја од четирите пријателки беше истакната. Конзервативните фустани сите ги заменија со корсети и голи нозе, освен Шарлот. Кери беше препознатлива по чипканата долна облека, додека Саманта повторно носеше уникатни, провокативни парчиња.

kako-seksot-i-gradot-ja-promeni-modata-3

kako-seksot-i-gradot-ja-promeni-modata-4

kako-seksot-i-gradot-ja-promeni-modata-5

kako-seksot-i-gradot-ja-promeni-modata-6

kako-seksot-i-gradot-ja-promeni-modata-7

Би можело да ве интересира:

9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Ретро модна инспирација: Филмски хероини чиј стил ќе ве инспирира ова лето Од интересните шапки и очила на Одри Хепберн во филмот „Paris When It Sizzles“, ...
Македонка во популарните чевли со одвоен палец, кои станаа хит меѓу модните блогерки Чевлите со одвоен палец се инспирирани од јапонските таби чорапи, па се наречува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg