Сако во секоја модна комбинација

Изгледа како сакото никогаш нема да излезе од мода, без разлика дали го носите на деловен состанок или пак дневна прошетка.

sako-vo-sekoja-modna-kombinacija-01

За деловните состаноци комбинирајте го со тесно здолниште и елегантна кошула, впечатлива огрлица, голема чанта и високи потпетици. Ќе изгледате елегантно, без многу вложен труд и напор.

За секојдневните кафиња со пријателите, одберете сако од мека ткаенина во некоја силна боја. Комбинирајте го со црни фармерки, балетанки или чизми, а под него облечете интересна маичка со принт. Накитот не е задолжителен ако експериментирате со бои и дезени, меѓутоа никогаш не заборавајте ја големата чанта.

Вечерните фустанчиња „зачинете“ ги со светкаво сако, шарени високи потпетици, плик чанта и дезенирани хулахопки.

Ова се нашите модни предлози како би можеле да ги комбинирате сите сакоа кои ги имате во вашиот гардеробер.

sako-vo-sekoja-modna-kombinacija-1

sako-vo-sekoja-modna-kombinacija-2

sako-vo-sekoja-modna-kombinacija-3

sako-vo-sekoja-modna-kombinacija-4

sako-vo-sekoja-modna-kombinacija-5

sako-vo-sekoja-modna-kombinacija-6

sako-vo-sekoja-modna-kombinacija-7

sako-vo-sekoja-modna-kombinacija-8

sako-vo-sekoja-modna-kombinacija-9

sako-vo-sekoja-modna-kombinacija-10

sako-vo-sekoja-modna-kombinacija-11

sako-vo-sekoja-modna-kombinacija-12

Би можело да ве интересира:

Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...

Најчитани неделава