10 безвременски модни совети

Во текот на една сезона се појавуваат безброј различни совети, со оглед на трендот кој моментално владее, но овде ги издвојуваме 10те модни совети кои важат во секоја прилика и сезона.

10-bezvremenski-modni-soveti-01

1. Квалитетната облека купувајте ја во неутрални бои, На тој начин ќе ја носите повеќе сезони и ќе можете да ја комбинирате во повеќе прилики.

2. Носете го исклучиво она што е како кроено за вас. Понекогаш е добро да ги игнорирате трендовите и да го носите она во што се чувствувате удобно и пријатно.

3. Намалете го бројот на парчиња облека. Кога станува збор за гардеробата, подобри парчиња облека се понеопходни отколку многу парчиња облека.

4. Не се навлекувајте на распродажбите. Ако за некое парче облека не сте спремни да ја платите вистинската цена, тогаш не вреди и покрај тоа што неговата цена е намалена.

5. Задолжително имајте едно парче со анимал принт. Гепард, змијска кожа или било каква друга шара изгледа одлично, но ако ја комбинирате умерено.

10-bezvremenski-modni-soveti-1

6. Инвестирајте во квалитетни модни додатоци.

7. Покажете ги исклучиво вашите најдобри страни. Одберете или деколте или голи нозе, никако и двете заедно.

8. Додајте малку боја. Иако вашата гардероба се темели на неутрални парчиња, додајте и по некое џемперче или маичка во светла, весела боја.

9. Ако не сте сигурни што да облечете, одберете да бидете натпросечно дотерани. Ако не знаете што треба да носите на некој настан, секогаш е подобро да се појавите повеќе дотерани, отколку цела вечер да се мислите зошто не облековте високи потпетици.

10. Направете добра основа во гардероберот. Кога ќе бидете свесни што сè имате во него, полесно ќе ви биде да ја комбинирате облеката.

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025 Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
Вакви ѕвезди! Џенифер Лоренс купува на акција, носи облека од втора рака и евтини фустани на црвенио... Вистински пример за скромност! Таа е една од најдобрите актерки на денешницата, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg