Зошто Џејмс Бонд е неодолив?

Освен тоа што одлично му стои сценариото, гардеробата која ја има на себе Бонд го прави уште помоќен. Често сме занесени од неговите акции и приказни што на момент забораваме дека неговиот стајлинг го прави да изгледа совршено.

zosto-james-bond-e-neodoliv-01

Затоа составивме 10 причини заради кои Џејмс Бонд е поим за совршен маж. Кој вели дека вие не можете да бидете новиот 007 – ако не на големото платно, барем на вашата понежна половина?

Пилотските очила секогаш се во тренд

Бонд секогаш изгледа складно облечен за случувањата кои ги посетува, па и очилата не се некој исклучок. Но, тоа не значи дека треба да поседувате милион вида очила како би ги одбрале правите. Доволни се само универзалните авијатичарски очила кои одлично прилегаат со свечени одела, како и со помалку формална облека.

Одржувајте контакт со очите

Се прашувате како Бонд го добива она што го сака? Тајната е во очите. Гледањето на противникот директно му дава до знаење дека ситуацијата е во ваши раце, па нема место за празно блефирање.

Бидете свесни за своите мани

Нема сомнение дека Бонд е надарен во било што. Но, неговата коса и не е јака страна кога ќе размислиме. Најновиот актер нема густа коса како неговите претходници, па затоа ја одржува кратка. Резултат е најмажествениот Бонд кој некогаш сте го виделе.

Може и без кравата

Бонд е можеби познат како секогаш формален лик, но и тој знае да носи кошули без кравата. Трикот лежи во откопчувањето на првите две копчиња кои ја држат крагњата.

Депилација

Денешниот Бонд е модерен маж кој практикува депилација, барем на неопходните места кои речиси секогаш се во преден план во снимањето. И покрај тоа што не сте на големото платно, вреди секогаш да бидете средени.

zosto-james-bond-e-neodoliv-02

Зимскиот капут би требало да ви стои како слиен

Кога температурите ќе паднат, од некоја непозната причина мажите ги практикуваат дебелите јакни кои изгледаат помалку привлечно за разлика од зимските палта. Квалитетното скроено палто и одело се неговата предност.

Вистинскиот маж носи боксерици

На Бонд не му пречат неколку сантиметри вишок кога станува збор за долната облека. Неговиот избор се боксерици кои ниту се прекратки, ниту предолги.

Наместете го јазолот според крагњата на кошулата

Бонд со текот на времето не научи дека крагњата и краватата треба да бидат обратно пропорционални т.е. издолжени крагњи и тесни кравати.

Смокингот не мора да биде здодевен

Бонд знае дека кога станува збор за смокингот, неколку правила може да се избегнат, но не и да се прекршат. На пример, тој често пати класичниот смокинг го заменува со тегет плаво одело со формално сако.

Секогаш покажете малку од ракавите

Повеќето мажи сакаат кога сакото ја прекрива кошулата целосно, исто како и ракавите. Но, понекогаш оставете некој сантиметар плус од кошулата да се гледа. На тој начин ќе можете да ги покажете манжетните кои се уште еден препознатлив детал за Бонд.

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Впечатливи фустани, светки и уникатни шешири - Модата на изборот за Маж на годината 2023 Црни класични фустани, облека со светки, но и шешири во интересни форми избраа г...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg