Природни решенија за вашата коса

Познато е дека природните препарати се најдобри за одржување и негување на косата. При тоа, се мисли на разните тревки и билки кои отсекогаш се користеле за лечење, хранење и за разубавување.

prirodni-reshenija-za-vashata-kosa-2

Постојат многу традиционални рецепти кои се докажале како делотворни, а најдобро од се е тоа што не се комплицирани и што секој од вас може да си помогне околу проблемите кои ги има со косата, така што ќе си ги направи сам.

Еве некои од нив:

Рузмарин против првут

Првутот често знае да биде непријатен и нормално дека би сакале да се решиме од него. Ако веќе сте ги испробале сите шампони и тој обид завршил без посакуваниот ефект, пробајте го следново: убаво измешајте неколку капки масло од рузмарин со 30 мл маслиново масло и нанесете го во коренот на косата. Косата замотајте ја во крпа и така преспијте ја ноќта. Следното утро, темелно исплакнете ја.

Оваа формула и дава мекост и еластичност на кожата на главата, со што го спречува нејзиното пукање.

Ловор и камилица

Ако вашата коса после долгата зима е сува и без сјај, земете неколку листови од ловор и неколку суви цвета од камилица. Прелијте ги со пола литар врела вода и оставете водата да отстои неколку минути. Потоа процедете ја водата и со нејзе исплакнете ја косата. По ова не ја плакнете повторно со чиста вода.

Тоник за вашата коса

Во еден садставете околу 150 мл јогурт, едно јајце, морски алги во прав и малку рендана кора од лимон. Се добро промешајте и втријте ја смесата во косата, покријте ја косата со крпа и оставете да делува 40 минути. Потоа измијте ја со шампон.

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...

Најчитани неделава