6 модни совети од Викторија Бекам

Викторија Бекам си создаде имиџ на кралица на стилот многу одамна, но сè уште знае како да ја задржи круната.

6-modni-soveti-od-viktorija-bekam-7

Останатите „зачинети девојки“ скоро исчезнаа од јавност, но Викторија и понатаму прави медиумите да се вртат околу нејзе, благодарејќи на нејзиниот стил (и сопруг).

Таа својата кариера ја започна како пејачка, но денес е позната и по стилските парчиња облека од нејзината модна линија.

Се чини дека има толку многу да се научи за модата од оваа модна дива, а ние заокруживме 6 најважни правила кои ја дефинираат како таква.

Не ја следете модата, таа нека ве следи вас

Познато е дека таа никогаш не ја следи модата по секоја цена. Наместо тоа, таа одбира да носи она што најдобро и прилега неа и дозволува жените ширум светот да го следат нејзиниот избор. Затоа, одберете што е она што најдобро ви прилега вам и комплетирајте го тој изглед со некој детаљ од актуелната мода. Не плашете се понекогаш и да експериментирате. Малку ризик може да донесе многу позитивни промени во вашиот имиџ.

6-modni-soveti-od-viktorija-bekam-1

Постојано надополнувајте ја вашата гардероба

Кога веќе еднаш сте создале свој препознатлив стил, морате да работите на истиот и постојано да го надополнувате и освежувате.

Погледнете како умешно тоа го прави Викторија. Таа не го менува коренито стилот секоја сезона, но сепак додава по нешто ново и различно. Суптилни промени во начинот на шминкање, фризура, и разните аксесоари кои ги вметнува, оставаат впечаток дека е постојано различна.

6-modni-soveti-od-viktorija-bekam-1

Експериментирајте со вашата коса

Викторија Бекам се појави во јавност со строга боб фризура која постепено ја кратеше и го менуваше својот изглед. Потоа имаше долги, продолжени прамени, за повторно да се врати на асиметричен боб изглед. Исто како и обликот, постојани промени трпеше и нејзината боја на коса. Па, така таа од фатална бринета се претвори во заводлива русокоса и пак назад кон темните прамени.

Ако сепак с плашите од вакви драстични промени, замолете го вашиот фризер да ве посоветува што најдобро ќе ви прилега. Понекогаш кратењето шишки или осветлување на неколку прамени, може да направат да изгледате како друга личност.

6-modni-soveti-od-viktorija-bekam-6

Чевлите се битни

Дали некогаш сте ја виделе Викторија без добар пар чевли? Таа секогаш е на високи потпетици кои ја продолжуваат нејзината мала фигура и го зачинуваат нејзиниот целосен изглед.

Тоа не значи дека секоја жена треба да е постојано на високи потпетици, но дозволете си да имате еден навистина убав пар чевли кои ќе направат сите да се завртат по вас.

6-modni-soveti-od-viktorija-bekam-5

Секогаш изгледајте најдобро што можете

Викторија е секогаш средена. Без разлика на тоа дали оди на шопинг или на црвен тепих, нејзината коса е секогаш на место, лицето нашминкано и целосно изгледа негувано.

Невозможно е секој ден да се дотерувате, но не си дозволувајте да одите со старите тренерки и со влечки ни до продавница. Не се знае кого може да сретнете по пат.

6-modni-soveti-od-viktorija-bekam-2

Негувајте ја вашата кожа

И покрај сите радикални промени кои таа ги прави, сепак останува доследна на една работа,а тоа е нејзината кожа и тен. Таа е постојано ни премногу – ни премалку исончана, а  нејзината кожа изгледа здраво и сјајно.

Никако не ви советуваме да посетувате солариум, но малку бронзер на образите одлично ќе ви прилега. Нормално, за убава кожа морате и да се храните здраво и да пиете многу вода.

6-modni-soveti-od-viktorija-bekam-4

Би можело да ве интересира:

14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Ревијата на Ивана Кнез беше вистинско уживање: Доминираа секси и храбри креации (фото) Модната дизајнерка Ивана Кнез на Скопскиот Моден Фестивал вчера (03.04.2024) го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg