Каков фустан да одберат деверушите?

Вашата најдобра пријателка се мажи и во знак на долгогодишното другарување вие ја добивте улогата на нејзина деверуша. На среќата и нема крај, но датумот на венчавката се наближува, а вие сè уште немате одбрано каков фустан ќе облечете.

kakov-fustan-da-odberat-deverushite-2

За да не дојде до голема модна грешка или пак да не се случи да ја засените невестата ви нудиме неколку совети кон кои треба да се придржуваат сите идни деверуши.

Основно е дека вашиот фустан треба до негде да биде ускладен со оној на невестата. Ова се однесува на бојата и моделот на фустаните. Во никој случај не смее да се случи невестата да има едноставна венчаница, а вие да се појавите во некој помпезен, раскошен фустан.

Што се однесува на боите, ако венчаницата е традиционално бела, тогаш вам ви се дозволени скоро сите бои. Убаво би прилегала романтична тоалета во пастелна розова боја.

Ако невестата носи венчаница со боја на праска која е многу популарна боја во моментов, можете и вие да одберете фустан во истата боја и да ја надополнувате или пак одберете посилни нијанси од истата боја. Исто така, венчаницата со боја на праска совршено оди со фустан во песочни нијанси.

Соодветни бои за ваква пригода се и бојата на шампањот или бело вино.

kakov-fustan-da-odberat-deverushite-1

На деверушите со поситна телесна градба симпатично ќе изгледаат фустанчиња со прерамки, кои ги откриваат рамената, а како детаљ фустанот нека има некоја голема панделка околу струкот. Овој изглед зачинете го со дискретен накит.

Нема некој голем избор на материјали за фустан кој ќе се носи во ваква пригода. Во секој случај, најдобро да одберете свила или фин сатен, бидејќи овие материјали оставаат впечаток на висока елеганција и префинетост.

Ако невестата се одлучи за повеќе деверуши, тогаш е дозволен и различен модел на фустаните. Две можат да облечат долги фустани, а другите две пократки. Овде треба да се внимава на бојата за да не дојде до претерано шаренило.

kakov-fustan-da-odberat-deverushite-01

Често пати се случува да одбереме некој фустан кој после венчавката ќе заврши во нашиот гардеробер и веќе нема да биде искористен. Затоа, трудете се да одберете модел кој ќе можете да го носите и во иднина на други свечени прилики.

И последното, златно правило – Никако немојте да носите бел фустан. Сепак, ова е ден од соништата на вашата другарка.

Би можело да ве интересира:

Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg