Домашен пилинг

Солта и шеќерот можат да се употребат на многу други начини од нивната примарна употреба. Тие се идеални за правење на домашен пилинг за тело, кој ја прави кожата мека и сјајна.

iskoristete-gi-solta-i-sekerot-za-domasen-piling-01

Наместо да трошите пари на скапи и неприродни пилинзи, може едноставно да ги употребите домашните намирници за да направите домашен пилинг кој ќе ви одговара на вашата кожа.

Пилинг од банана

Кога бананите ќе потемнат, наместо да ги фрлите, употребете ги за пилинг. Во овој случај нема потреба од масло, се користат благодетите на бананата и на шеќерот.

Потребно е:

  • Една банана
  • 3 супени лажици шеќер
  • ¼ лажица екстракт од ванила (по желба)

Измешајте ги состојките заедно со вилушка во сад. Смесата не треба да биде премногу течна, па затоа не треба да се меша многу.  Доколку сакате да го употребите овој пилинг на вашето лице тогаш, изоставете го шеќерот. Додека се туширате нанесете ја смесата по телото и нежно масирајте. Измиете со топла вода.

iskoristete-gi-solta-i-sekerot-za-domasen-piling-02

Пилинг со кокосово масло  

Кокосовото масло мириса прекрасно, а и неверојатно е за кожата. Овој пилинг е идеален за хидратација на кожата.

Потребни се:

  • ½ чаша кокосово масло
  • ½ чапа кафеав шеќер
  • ½ кафена лажичка ванила

Измешајте ги состојките заедно. Нанесете ги на кожата, масирајте и исплакнете.

iskoristete-gi-solta-i-sekerot-za-domasen-piling-03

Пилинг за усни од шеќер

За меки усни, овој пилинг е вистинското решение. Измешајте јојоба масло или маслиново, со рафиниран шеќер. Додадете пеперминт или екстракт од ванила. Нанесете малку на вашите усни, а потоа можете и да го изедете.


Пилинг од лаванда

Лавандата и морска сол се одлична комбинација за вашата кожа.

Потребно е:

  • ½ чаша морска сол
  • Еретично масло по желба
  • 1 супена лажица на сушена лаванда
  • 16 капки еретично масло од лаванда

Прво се мешаат морската сол и масло, а потоа треба да се додадат другите состојки. Измешајте во еден голем сад. Нанесете додека се туширате и исплакнете.

iskoristete-gi-solta-i-sekerot-za-domasen-piling-04

Пилинг од лимон

Овој пилинг е одличен во утринските часови, бидејќи јакиот мирис од лимонот ги буди сите сетила.

Потребно е:

  • ½ чаша морска сол
  • ½ чаша есенцијално масло по твој избор
  • Една лажица кора од лимон (може и по желба, портокал или цитрус)

Измешате ги состојките и нанесете додека се туширате, па потоа исплакнете.

iskoristete-gi-solta-i-sekerot-za-domasen-piling-05

Би можело да ве интересира:

9 грешки што ги правите кога купувате чевли (и потоа нозете ве болат) Чевлите што изгледаат прекрасно во излогот на продавницата, можеби и не се толку...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
Си заминала од Србија во 90-тите, омажена е за британски бизнисмен – Која е Роксанда Илинчиќ, српска... „Кон крајот на 90-тите години немаше греење, па на факултет одев со шише топла в...
8 вообичаени грешки поради кои облеката и чевлите се уништуваат брзо и завршуваат во корпа за отпадо... Можеби звучи смешно, но пробајте го трикот со замрзнување на хулахопките пред да...
Високи чизми, волнени капчиња - Како соодветно да се грижите за зимската облека и обувки? Препорачливо е кожените ракавици да ги перете на рака - на сунѓер капнете неколк...
Три (шарени) дезени што ќе ја одбележат оваа пролет, а не се цветни Кои дезени ќе бидат апсолутен хит оваа пролет? Со какви парчиња облека да го под...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg