Мексиканска убавица е новата Мис Универзум – се борела со АДХД, беше понижена на изборот
Од детство со булинг заради борбата со дислексија и АДХД кога врсниците ја исмевале, до скандал на изборот кога директорот ја нарече глупава и круна на глава 2 недели подоцна - која е Фатима Бош, 25-годишната Мексиканка која стана Мис Универзум по низата контроверзии?

На 21 ноември, Мексиканката Фатима Бош, беше крунисана и прогласена за Мис Универзум во Тајланд.
Патот до круната за оваа учесничка не беше лесен, откако претходно се соочи со непријатна ситуација и вербални напади од директорот на изборот, кој ја замолчувал и ја нарекол глупава заради организациски несогласувања, на што таа не сакала да премолчи и јавно зборуваше за ова.
Изборот го следеа низа контроверзии во изминатиот период, кога организаторите беа обвинети за нетранспарентност, претселекција направена без девојките да настапат, од страна на жири кое има конфликт на интереси заради лични врски со дел од учесничките.
На почетокот на ноември Фатима беше понижена пред учесничките и пред целата јавност, заради кавга со организаторот кој сметал дека недоволно ја промовира земјата домаќин на социјалните мрежи.
Таа се спротивставила, а потоа и си заминала од просторијата, заедно со уште неколку учеснички кои ја следеле, а тој им се заканил на сите дека ќе бидат дисквалификувани ако ја поддржат.
Кратко потоа, следеа неочекувани и наводно од оправдани причини откази од неколку судии, а целиот скандал заврши со ненадејно крунисување на Мис Мексико.
Додека Мексиканците се радуваат на победата, некои се прашуваат дали ја добила круната за да ѝ надоместат за претходните случувања.
Погледнете го видеото од крунисувањето:
„Следната година секоја што ќе си замине, ќе победи“ / „Мораа да ја крунисаат за да ѝ надоместат за неправдата и да го спасат изборот“ - коментираат.
Која е Фатима Бош?
Фатима Бош Фернандез е родена на 19 мај 2000-та и има 25 години.
Порасната е со семејството во Табаско, но немала лесно детство.
Таа се борела со дислексија и АДХД, а заради разликите од учениците, тешкотиите со читањето и концентрацијата, честопати била задевана и трпела булинг.
Додека децата си играле, таа бегала во свој свет, цртала фустани и сонувајќи дека еден ден нејзиниот глас ќе ги надгласи навредите.
Токму овие искуства ја направиле посилна и желна да се бори за себе, но и да им покаже на младите дека можат да успеат и покрај околностите.
Во подоцнежните години, таа студирала моден дизајн во САД и во Италија, промовира одржива мода, а волонтира во болница во Табаско, каде што им помага на деца заболени од рак.
Нејзината победа на гламурозната сцена во Бангког не е само триумф на убавина, туку и врвот на животната борба против предрасудите, насилството и омаловажувањето.
