6 трикови за послаб изглед

Совршените пропорции на телото одамна не се во тренд. Не потребно да имате струк од 60cm за да изгледате привлечно. Постојат неколку трикови кои без разлика на каков тип на тело имате ќе ви помогнат да се чувствувате атрактивно.

6-trikovi-za-poslab-izgled-01

1. Одете исправено
Ако го поправите држењето не само што наслагите околу стомакот визуелно ќе се намалат, туку и вашата самодоверба ќе се зголеми. Ако имате мали гради исправете се и истакнете ги. Правилното држење на телото ве прави да изгледате витки и сигурно во себе.

2. Носете соодветна долна облека
Неопходна ви е долна облека која ќе ви одговара на фигурата, односно треба да избегнете да ве „сече“ и да ви создава непотребни нерамнини.

3. Внимателно со изборот на бои
Избегнувајте ги светлите бои затоа што ќе направат да изгледате покрупно за разлика од темните бои, особено црната, која ќе ве направи визуелно послаби. Избегнувајте хоризонтални линии, а ако сте поголеми во долниот дел од телото носете темни пантолони или здолништа.

4. Носете облека која одговара на вашата висина
Ако сте ниски и крупни, платформите ќе ви го издолжат телото. Ако сте високи еден пар балетанки или чевли со ниска штикла визуелно ќе ве скратат. Избегнувајте тенка штикла и шпиц бидејќи тие повеќе одговараат на слабите девојки.

5. Не повторувајте дека сте дебели
Овие разговори влијаат лошо на вашата самодоверба. Поголемиот дел од луѓето не обрнуваат внимание на вашиот изглед како што вие обрнувате, бидејќи се тие преокупирани со самите себе. Гордејте се со вашето тело какво и да е и не заборавајте дека самодовербата е клуч на добриот изглед.

6. Носете облека со точен број
Ако носите 44 број на здолништа не се обидувајте да носите број 40. Така ќе изгледате уште подебело. Не одете ниту во другата крајност - облека која може да ве проголта. Проценете го сопственото тело и носете облека која ви одговара.

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
6 трикови со кои полесно ќе ги „преживеете“ неудобните чевли Бебешка пудра за чевлите да не ви испуштаат чуден звук од потење, апостолките за...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...

Најчитани неделава