Домашен спа третман со киви

Кивито е интересна и корисна овошка за оние кои сакаат да ги ублажат брчките на лицето и да ја зачуваат еластичноста на кожата. Ова егзотично овошје е богато со витамин Ц, поточно едно киви ви е повеќе од доволно за да ги покриете дневните потреби на овој витамин.

domasen-spa-tretman-so-kivi-01

Високото количество на витамин Ц ја регенерира кожата, па затоа маската од киви е препорачлива за сите оние кои имаат над 25 години, добата кога количината на колаген и еластин во кожата опаѓа.

Постојат неколку варијации на маските од киви.

Ефикасна е маската од свежи кругови киви поставени на целото лице. Доволно е да дејствуваат околу 10тина минути за да забележите огромна промена. По оваа маска од свежо киви, задолжително исплакнете го лицето со млака вода и нанесете хранлива крема.

Можете да направите и мешавина од пасирано киви и половина банана. Одлична храна за кожата, која е доволно да делува 15-20 минути пред да ја исплакнете.

domasen-spa-tretman-so-kivi-1

Кивито и медот се исто така добитна комбинација за оние кои сакаат да ја сочуваат меката и еластична кожа. Леплива и вкусна маска која за само 10тина минути ќе го постигне посакуваниот ефект.

Егзотичната маска од киви, маслиново масло и путер од кокос, освен тоа што мириса одлично, на кожата и дава доволно хранливи материи за претстојната седмица. Што значи, доволен е еден ваков третман неделно, од само 15 минути за да ја зачувате младоста.

domasen-spa-tretman-so-kivi-2

Би можело да ве интересира:

10 кул летни трендови за нокти (овошје на рака, „сирена“ нокти) Од нежно розови до впечатливи нокти со апстрактна уметност на нив, каков избор ќ...
Осум тренди парчиња што ви се доволни за да го поминете целото лето Ленените панталони се задолжително летно парче, исто како и едноставната еднобој...
Седум модни комбинации со чизми за оваа пролет (број 3 ќе сакаат сите да ја пробаат) Со женствени, спортски и деловни комбинации - чизмите се хит оваа пролет, а може...
Модни формули за најпопуларните пролетни комбинации на Pinterest (со облека што веќе ја имате) Бели фармерки со тексас кошула или сив џемпер, во комбинација со црни мокасини и...
Македонките го обожаваат: Топ на преклоп - хит за гостинки на свадба, кои сакаат гламур и доминација Eлена Ристеска го облече за на свадба, каде настапи како изненадување за младенц...

Најчитани неделава