Маски за лице кои ќе ве подмладат за 10 години

Постојано се разговара за домашните маски кои можат да направат чуда за вашето лице, како и за фактот дека се евтини и без хемикалии. Заради сите нивни позитивни страни, ви предлагаме неколку идеи како да ги направите од состојките кои се наоѓаат во вашата кујна и за само неколку месеци да се освежите и подмладите.

maski-za-lice-koi-ke-ve-podmladat-za-10-godini-01

Маска од банана и лимон

Калиумот, бета-каротенот и витамините од групата Б кои ги содржи бананата ќе бидат одлични за вашата кожа. Ќе ви помогнат да ги намалите отечените и темни кругови околу очите, а бета каротенот во телото се претовара во витамин А и спречува во делувањето на слободните радикали.

Останатите состојки се мед и лимон кои се сојузници во борбата против нечистата кожа. Медот има антибактериски својства, додека лимонот е одличен за изедначување на тенот и бојата на кожата.

По овој третман кожата ќе ви стане мека и нежна, а подготовката е многу едноставна. Земете една банана, згмечете ја и измешајте ја со една лажица мед и лимон.

Нанесете ја смесата на лице, оставете да делува 15 минути и исплакнете.

maski-za-lice-koi-ke-ve-podmladat-za-10-godini-02

Маска од рози

Розите се насекаде, но сигурно не знаете дека од нив можете да направите маска за лице. Соберете неколку свежи листови од рози и од нив направете маска која ќе ве освежи.

Со помош на оваа маска ќе добиете природно здрава боја на вашето лице, како руменило. Третманот dелува релаксирачки и e идеален  за нега на сува и мешана кожа. Може да се направи за само една минута во миксер.

Во миксерот ставете една лажица јогурт, една лажица мед и две лажици вода од рози. Додадете голем грст ливчиња од роза и од тоа направете смеса. Оставете ја маската на лицето 20 минути, а потоа исплакнете темелно.

maski-za-lice-koi-ke-ve-podmladat-za-10-godini-03

Маска од лубеница

Ако сте љубител на лубеницата, еве една причина плус зошто да ја сакате уште повеќе. Потребни се само 5 минути за да направите две маски од кои една ќе ви даде сјаен тен, а другата одговара за иритирана кожа склона кон акни.

За сјаен тен земете мала лажица јогурт (лактозата и ензимите од јогуртот ќе ви помогнат нежно да се исчисти кожата) и една лажица лубеница (хидрира и лечи). Нанесете на лицето и вратот и по 10 минути исплакнете.

За иритирана кожа која е склона на акни измешајте една лажица лубеница, една банана и оставете ја смесата на лицето околу 15 минути. Бананата содржи Б2, Б6, Б12 витамини и помага во намалувањето на иритацијата и ја прави кожата понежна. Најголемата позитивна страна на лубеницата е совршената хидратација без никакви маснотии кои се наоѓаат во козметичките производи.

maski-za-lice-koi-ke-ve-podmladat-za-10-godini-04

Би можело да ве интересира:

„Вечност“: Новата колекција на дизајнерката Стефанија Насеска, инспирирана од Златните маски од Треб... Дали има нешто поемотивно и повредно  од тоа да ‘копаш’ по сопствената исто...
Зимски комбинации со тексас фустан – парче што се носи во секоја сезона (фото) Се комбинираат со животински принтови и аксесоари од кожа, а изгледаат мошне доб...
Зебра принтот е новиот фаворит на инфлуенсерките – како да го вметнете во зимските комбинации? (фото... Изгледа впечатливо, но не е премногу нападен, па тешко е да направите грешка и д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg