7 решенија за 7 проблеми со косата

Сите сакаме убава и негувана коса. Употребуваме различни препарати за да додадеме посебен ефект, но секогаш се јавува некој проблем. Имате проблеми со распукани врвови и досаден првут?

7-resenija-za-7-problemi-01

Откриваме 7 решенија за 7 проблеми.

1. Чешање

Употребувајте шампони  кои ви овозможуваат добро миење. Косата долго тријте ја и исплакнете ја со многу вода – кожата често ве чеша поради лошо испраната коса. Ако е потребно, употребувајте дерматолошки шампон. Чешањето може да биде предизвикано од пречесто миење.

7-resenija-za-7-problemi-1


2. Немате сјај

Виновник може да биде лошото миење и плакнење на косата, но и препаратите за боење кои секогаш по малку ѝ го одземаат сјајот на косата. Ви советуваме во тој случај да ја обновите бојата, но да одберете препарат кој ѝ дава сјај. Избегнувајте пена, гел и спреови за коса. Ако ги употребувате секој ден, косата ќе ви биде крута и безживотна.

7-resenija-za-7-problemi-2


3. Првут

Сува или мрсна коса проблемот е ист, а причинител е прекумерното лачење на серумот кој брзо ја обновува кожата на главата. Сигурно имате „свој“ шампон против првут кој никогаш не го менувате. Побарајте поделотворни шампони. Тоа се оние кои се составени од средствата за перење, за елиминирање на мртвите клетки. Ако првутот се појавува повремено, ќе ја измиете косата со класичен шампон против првут, ако и тоа не ви помогне, прашајте дерматолог.

7-resenija-za-7-problemi-3


4. Безживотна коса

Ако косата ви нема живост треба да јадете храна богата со железо (црвено месо, зеленчук), овошје со витамин Ц, кој ја олеснува асимилацијата на железото (портокал, лимон, киви).

7-resenija-za-7-problemi-4


5. Ви паѓа?

Имате чувство дека после некое лечење, операција или породување по малку ја губите косата.? Поразговарајте со доктор. Веројатно ќе мора да се одлучите за третман со препарати кои го поттикнуваат повторниот раст на косата. Обично тоа се витамински производи. Посоветувајте се со доктор за медицинските лосиони односно средствата кои делуваат против паѓање. Ако делувате на време и постепено, ќе го запрете паѓањето на косата.

7-resenija-za-7-problemi-5


6.Распукани врвови

Најпрво скратете ја малку косата за да ѝ дадете здрав раст, избегнувајте трајна ондулација и минивал, често четкање и боење. Превентивно двапати на ден пред расчешлувањето нанесете хидратантна крема за коса. Чешлањето секогаш започнува од врвовите.

7-resenija-za-7-problemi-6


7.Седа коса

Ако имате седа коса, избегнувајте преливи или хена која ќе ѝ даде црвена боја. Постојат и шампони посебно наменети за седа коса. Ако вам поголемиот дел од косата ви поседе, што се случува со текот на годините, имате два избора: обојте ја косата „тон на тон“ или одлучете се за потполно нова боја на коса.

7-resenija-za-7-problemi-7

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...
Елена Најдоски одржа модна лекција: Како да ја комбинирате белата боја и во зима? Бел фустан искомбиниран со црна панделка, бел костум и бела блуза со крем капут....
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg