Прославете го роденденот на легендарните жолти чизми!

Во периодот од 15 октомври до 15 ноември Timberland ја слави 40-годишницата на легендарните Yellow boots (жолти чизми).

proslavete-go-rodendenot-na-legendarnite-zolti-cizmi-01

Инспирирани од суровата природа во Њу Хемпшир, и направени да бидат издржливи, удобни и водоотпорни, жолтите чизми се појавуваат како прв производ со вакви карактеристики надополнет со едноставен дизајн, во 1973 година.

Произведени од тогашната компанија за чевли Абингтон, тие веднаш го добиваат името “Timberland”, а подоцна и брендот за чевли и облека е наречен со истото име.

proslavete-go-rodendenot-na-legendarnite-zolti-cizmi-03

Направени од квалитетна антилоп кожа, гумени ѓонови и прецизна доработка, овие чизми веднаш стануваат хит пред сè заради квалитетот на изработката кој станува неизбежен стандард за сите идни производи на брендот.

И денес, после 40 години овие чизми остануваат најдобри во својата класа - микс на класика и модерност, носливост и уникатност, соодветни за сите генерации, мажи, жени и деца.

proslavete-go-rodendenot-na-legendarnite-zolti-cizmi-04

Иако направени да бидат практични, со текот на времето жолтите чизми стануваат вистинска модна икона во Соединетите Американски Држави, Европа и Азија.

Светски познатите тренд сетери како Фарел Вилијамс и Ријана честопати се видени, па дури и настапуваат носејќи yellow boots. Црпете инспирација и бидете забележани.

Еве како славните уживаат во удобноста и лежерноста на жолтите чизми.

Во претстојниот месец, за го одбележи овој значен јубилеј Timberland Македонија подготви неколку различни работилници, изненадувања и подароци за посетителите на продавниците во Рамстор и Скопје Сити Мол. На овој начин тие ќе имаат можност да уживаат во производите на брендот и креативно да се изразат користејќи ги жолтите чизми како основа и инспирација.

Би можело да ве интересира:

Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
Седум модни комбинации со чизми за оваа пролет (број 3 ќе сакаат сите да ја пробаат) Со женствени, спортски и деловни комбинации - чизмите се хит оваа пролет, а може...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...

Најчитани неделава