Холивудска убавина: Сјајни трикови на познатите дами

На задоволство на многу жени, холивудските убавици и светски познатите дами одлучиле да поделат некои од најкорисните трикови за постигнување убав и беспрекорен изглед на црвениот тепих.

holivudska-ubavina-sjajni-trikovi-na-poznatite-dami-01

Не постои жена која не се воодушевува на холивудските глумици кои секогаш изгледаат средено, свежо, згодно и преубаво. Истовремено на сите им е јасно дека  на таквиот изглед му претходеле часови и часови на подготовка за сè да изгледа толку совршено.

Ако сакате секогаш и во секој момент да изгледате како холивудските дами, испробајте ги следните трикови:

Совршен мирис

Сара Џесика Пркер ја открива тајната за нанесување на парфемот, кој вообичаено кога ќе го прснеме на раката го протриваме и тоа е погрешно. Треба да прснеме и да го оставиме да се растече по правец на вените, без триење.

holivudska-ubavina-sjajni-trikovi-na-poznatite-dami-1

Елегантни нозе

Кристина Хендрикс открива дека кога снима сцени каде треба да ѝ се гледаат нозете и да изгледаат посјајно и поелегантно, шминкерите и ставаат мешавина од лосион за тело и течна пудра. Со тоа им дава поизедначен и посјаен елегантен изглед на нозете.

holivudska-ubavina-sjajni-trikovi-na-poznatite-dami-2

Впечатливи трепки

Кери Андервуд открива дека за да ги истакне очите и да има впечатлив поглед и секогаш неодоливи трепки употребува дури 5 маскари. Секогаш кога се шминка нанесува прво маскара која дава волумен, па маскара која ги издолжува трепките, маскара која ги витка и барем уште две со различни ефекти кои сака да ги постигне. Нема една маскара која може да ви ги задоволи сите очекувања.

holivudska-ubavina-sjajni-trikovi-na-poznatite-dami-3

Коса од соништата

Џулијан Хју открива дека нејзината бујна и средена коса не е целосно природна. Ако не одите постојано на фризер, тогаш тајната за постојана бујна коса која лесно ќе ја добиете е со помош на екстензија, прамени на чешелче кои ќе ги додадете секогаш кога сакате да постигнете подобар ефект.

holivudska-ubavina-sjajni-trikovi-na-poznatite-dami-4

Подигнати локни

Зои Дешанел открива дека ако сакате сами да направите локни, а притоа горниот дел од главата да не ви изгледа сплескано, треба прамените да ги виткате до коренот и на главата како круна, а по отпуштањето да ги подигнете и да им ставите спреј за зацврстување. Така секогаш ќе имате побујна и поприродна коса.

holivudska-ubavina-sjajni-trikovi-na-poznatite-dami-5

Беспрекорно лице

Ферги ја открива тајната за брзо отстранување на акните и мозолчињата со помош на паста за заби која ја нанесува директно на нив и ги суши, па брзо и лесно се отстрануваат.

holivudska-ubavina-sjajni-trikovi-na-poznatite-dami-6

Чисти пори

Ема Вотсон советува за чисти пори задолжително бришење на шминката пред спиење.

holivudska-ubavina-sjajni-trikovi-na-poznatite-dami-7

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...

Најчитани неделава