Модни предлози во снежно бела боја

Белата боја во текот на годините имаше лоша репутација, бидејќи многу жени живееја по застарените правила дека дамите никогаш не треба да носат бело во текот на зимата.

zima-vo-belo-01

Но, модните креатори и познатите дами со стил кажуваат дека не е баш така. Тие сметаат дека белата е совршено прифатлива боја во зимската мода.

Оваа боја е забележана со силно влијание и во ревиите на Celine, Mulberry I Giambattista Vali кои претставуваат совршени бели парчиња облека во различни нијанси.

Од боја на слонова коска до кремасто бели нијанси. Тајната се крие во изборот на ткаенината и текстурата на материјалите кои прават совршен контраст.

Памукот, ленот и платното сигурно делуваат неумесно во текот на ладните месеци. Но, кашмир во бела боја, волна, свила и кожа делуваат совршено.

Наспроти многуте погрешни модни правила, белите чевли го продолжуваат својот пат, па се очекува да видиме многу бели чизми како најнови трендови.

Смело комбинирајте ја белата боја и уживајте во снежната белина на зимата.

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...

Најчитани неделава