8 идеи како да си направите уникатни прстени

Креативните и уникатни прстени може да бидат израз на вашиот стил. Во комбинација со соодветна облека може да ги комбинирате на различни начини.

8-idei-kako-da-si-napravite-unikatni-prsteni-01

Најчесто се купуваат како рачни изработки, но зошто да не се обидете да си направите сами. Потребни ви се мали ситници кои сигурно ви се наоѓаат по дома и малку поголема доза креативност.

Прстени од жици

Од парче бакарна или алуминиумска жица и со помош на мали клешти може да направите мноштво слатки прстенчиња. Играјте си со жицата и правете интересни облици.

8-idei-kako-da-si-napravite-unikatni-prsteni-1

Прстени со помош на безопасна

Ако сакате едноставни прстени тогаш потребни ви се само: парче жица, безопасна и за само неколку минути, вашиот прстен е готов.

8-idei-kako-da-si-napravite-unikatni-prsteni-2

Прстени од беџови

Извадете ја иглата од беџот, на задната страна ставете ситни бисерчиња или обоени камчиња, истурете врз нив безбоен лак за нокти за да се зацврстат и почекајте неколку часа за добро да се исуши. Беџот со помош на лепило или силикон прицврстете го на стариот прстен и ќе добиете сосем нов и уникатен.

8-idei-kako-da-si-napravite-unikatni-prsteni-3

Бисерни украси

Искористете го стариот бисерен ѓердан кој не го носите и со помош на рибарски растеглив конец нанижете си нов и поинаков.

8-idei-kako-da-si-napravite-unikatni-prsteni-4

Златна школка

На обичен прстен или на парче жица залепете школка која сигурно ја имате донесено од некое летување, па обојте ја со златен лак или боја по ваш избор. Нежно и слатко.

8-idei-kako-da-si-napravite-unikatni-prsteni-5

Копчиња како прстени

Ако имате баба која има облека со копчиња и не ја носи, слободно искористете ги. Ќе пронајдете многу поинтересни и уникатни од денешните пластични и шарени. Изберете неколку и со залепете ги на бакарна жица или на стар прстен.

8-idei-kako-da-si-napravite-unikatni-prsteni-6

Камчиња како прстенчиња

Исполнете си го слободното време со креативност и забавувајте се. Камчиња со мазна површина кои може да ги исцртате со интересни шари и бои и да ги залепите на старите прстени. Нов лик за уникатен стил.

8-idei-kako-da-si-napravite-unikatni-prsteni-7

Порцелански прстени

Ако случајно сте скршиле некоја стара порцеланска ваза, чаша или некој друг предмет, не очајувајте. Парчињата може уште подобро да ги искористите. Одберете некое помало со интересен облик и со помош на шмиргла израмнете ги рабовите за да не се исечете. Парчето залепете го на бакарна жица или стар прстен и може да го покажете на пријателките.

8-idei-kako-da-si-napravite-unikatni-prsteni-8

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Капри панталоните се враќаат во мода во лето 2025 – од ретро парче до модерни комбинации (фото) Заборавете на сè што сте мислеле за капри панталоните – ако досега личевте старо...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...

Најчитани неделава