Откријте какво деколте треба да носите според обликот на градите

Градите отсекогаш важеле за еден од најженствениот, најпривлечниот и најсексапилниот дел од женското тело. Неговото истакнување никогаш не излегува од мода, па затоа вреди да научите како да го носите.

spored-oblikot-na-gradite-otkrijte-kakvo-dekolte-treba-da-nosite-01

Секое деколте не е создадено за мали, ниту за големи гради. Затоа, ако сакате да имате успешно појавување, вреди да откриете кое деколте е идеално за вашиот облик на гради.

Еве кон кои правила треба да се придржувате:

Големи, раскошни гради

Девојките со бујно деколте треба да посветат посебно внимание при изборот на деколтиран фустан или маица, затоа што многу модели можат визуелно да ви ја уништат првичната замисла.

Деколтето со благ V израз е секогаш одличен избор, но и фустаните со рамно и благо, овално деколте ќе ви ги истакнат големите градите на вистинскиот начин.

За пример, одберете ги моделите кои ги носи Софија Вергара.

spored-oblikot-na-gradite-otkrijte-kakvo-dekolte-treba-da-nosite-02

Гради со средна големина

Ако сте доволно среќни да ја имате совршената големина на гради според вашите пропорции, тогаш вас ви прилега речиси секој крој на деколте.

Длабокиот V израз ја нагласува совршеноста на градите, но понекогаш вреди да експериментирате со стегнати корсети кои ќе ги подигнат и визуелно ќе ви ги зголемат градите.

За пример, одберете ги моделите кои ги носи Џесика Алба.

spored-oblikot-na-gradite-otkrijte-kakvo-dekolte-treba-da-nosite-03

Мали, цврсти гради

Дамите со мал број на корпи никако не би требало да ги избегнуваат деколтираните кроеви.

Ако сте доволно самоуверени, одберете длабоко деколте до папокот. Дезените, украсите и светките на горниот дел од фустанот визуелно ќе го зголемат вашето деколте, имајте го и тоа на ум.

Фустаните со срцевидни корпи и набран материјал околу горниот дел од телото исто така ќе го подобрат изгледот.

За пример, одберете ги моделите кои ги носи Кејт Хадсон.

spored-oblikot-na-gradite-otkrijte-kakvo-dekolte-treba-da-nosite-04

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Што облекоа гостите на првите „Лазаров награди“ во Скопје? (фото) Стефан и сопругата Марта беа усогласени во црно, а црно избраа и Таско со сопруг...

Најчитани неделава