Направете сами: 5 маски за нега на лицето

Многу жени сметаат дека кожата на лицето е доволно да биде исчистена и на неа да се нанесе хидратантен или дневен крем.

napravete-sami-5-maski-za-nega-na-liceto-01

Но, во денешно време кога живееме под влијание на стрес, на кожата ѝ е потребна дополнителна нега и хидратација. Тоа може да го овозможи само природната маска за лице.

Доколку не сте во можност да си дозволите маска за лице или сакате природна, направена во домашни услови, еве како се прават маските кои ќе ѝ помогнат на вашата кожа да изледа поздраво и посјајно.

Маска со јагоди         

Изгмечете неколку јагоди и додајте 2 лажици слатка павлака. Нанесете ja на лицето и оставете ja да дејствува 20 минути. Помага при сува и уморна кожа.

napravete-sami-5-maski-za-nega-na-liceto-1


Маска со компири

Испасирајте 150 гр варен компир, додадете бадемово масло и 50 гр кисело млеко. Оставете ја маската да дејствува 45 минути и ќе добиете мека и мазна кожа.

napravete-sami-5-maski-za-nega-na-liceto-2


Јајце за убавина

Оваа маска ќе го врати сјајот на вашето лице. Измешајте една жолчка и една лажица маслиново масло. Оставете да дејствува 10 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

napravete-sami-5-maski-za-nega-na-liceto-3


Лимонот го чисти вашето лице

Доволно е да исцедите еден лимон и сокот да го помешате со малку маслиново масло. Нанесувајте нежно, правејќи кружни движења сè додека не се појави благо црвенило. Потоа оставете половина час да дејствува. Ќе добиете чиста и затегната кожа.

napravete-sami-5-maski-za-nega-na-liceto-4


Маска со банана

Изгмечете една банана, нанесете ја на лицето и очните капаци. Оставете да дејствува 15 минути. Измијте со млака вода. Кожата ќе ви стане мека, свежа и затегната.

napravete-sami-5-maski-za-nega-na-liceto-5

Пред да нанесете која било од овие маски, погрижете се вашата кожа да биде темелно чиста. Отстранете ја шминката, исчистете го лицето со лосион, измасирајте ја вашата кожа и нанесете една од маските.

Не ја задржувајте на себе маската повеќе од предвиденото време. Може да постигнете контра ефект.

За крај, ставете лосион или крем за лице и оставете ја вашата кожа да дише.

Се препорачува да не легнувате со шминка, тоа ја оштетува вашата кожа и ја прави подложна на бактерии и мозолчиња.

Без разлика колку сте уморни, пред спиење доволно ќе биде да ја отстраните шминката со влажно марамче. Наутро погрижете се да ја исправите малата штета од оваа постапка со нанесување маска за лице.

napravete-sami-5-maski-za-nega-na-liceto-6

Би можело да ве интересира:

6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
Водич за момци со стил: 40 идеи што да облечете на матура Елегантен изглед со одело и кошула или покежуал со маичка, но и поопуштени, млад...
9 стилски правила што мажите најчесто ги забораваат (па изгледаат диспропорционално) Верувањата дека само жените треба да се грижат за сопствениот изглед се застарен...
Тој жената ја претвора во божица: Совршената нова колекција на Зухаир Мурад (фото) 51-годишниот Зухаир Мурад во светот се смета за дизајнер со магични моќи, бидејќ...
Високи чизми, волнени капчиња - Како соодветно да се грижите за зимската облека и обувки? Препорачливо е кожените ракавици да ги перете на рака - на сунѓер капнете неколк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg