Машки модни додатоци за оваа пролет

Веќе долго време е познато дека и припадниците на посилниот пол се средуваат како жените, ако не и повеќе од нив. Тоа не претставува лоша одлика, напротив, нема ништо посекси од маж кој се грижи за својот изглед и гардероба.

maski-modni-dodatoci-za-ovaa-prolet-01

Модните додатоци нема да бидат изоставени во стајлингот на модерниот маж и оваа пролет, а ова се основните 5 кои секој маж мора да ги испроба барем еднаш:

Авијаторки

Очилата за сонце кои се избор на многу познати личности во Холивуд. Со форма на заоблен, превртен триаголник ќе ви дадат неодолив шарм. Плус, одговараат на сечија форма на лице.

maski-modni-dodatoci-za-ovaa-prolet-03


Колан во боја

Оставете го вашиот класичен, црн колан и купете интересен, тренди во разнобоен дезен. И покрај тоа што ќе може да го комбинирате со различни маички и кошули, ќе го освежи вашиот стајлинг.

maski-modni-dodatoci-za-ovaa-prolet-04


Мокасинки

Интересни за око, а сепак удобни. Пролетните мокасинки може да ги комбинирате со различни фармерки и панталони. Ќе се вклопат во вашиот свечен или лежерен стајлинг.

maski-modni-dodatoci-za-ovaa-prolet-05


Машка торба во кафеава боја

Кафеавата боја освен кај женските модни додатоци, оваа пролет ќе биде застапена и кај машките. Торба во кафеава боја е новиот машки тренд кој треба да се проба.

Може да ја комбинирате со кафеав колан и мокасинки.

maski-modni-dodatoci-za-ovaa-prolet-06


Тенки џемпери и маички во впечатливи бои

Повеќе не се во тренд обичните бели или црни џемпери, и покрај тоа што се полесни за комбинирање. Овие нови џемпери со впечатливи бои одлично ќе се вклопат во пролетната атмосфера.

Момци, бидете храбри и одлучете да го следите овој нов тренд.

maski-modni-dodatoci-za-ovaa-prolet-07

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
10 кул летни трендови за нокти (овошје на рака, „сирена“ нокти) Од нежно розови до впечатливи нокти со апстрактна уметност на нив, каков избор ќ...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
6-те омилени модни додатоци на инфлуенсерките за есен и зима 2025 Машка вратоврска во аутфит со сако, марама врзана на половината врз капут или са...

Најчитани неделава