7 женски парфеми на кои нема да им одолеете оваа пролет


7 женски парфеми на кои нема да им одолеете оваа пролет

Пролетта ни пристигна, а заедно со новите колекции и високи потпетици, дојде времето за избор на нов пролетен парфем.

7-zenski-parfemi-na-koi-nema-da-im-odoleete-ovaa-prolet-01

Решивме да ви ја олесниме работата со овие 7 слатки предлози во кои вреди да вложите.

Chloe - "Rose de Chloe"

Овој парфем е наменет за постојаните романтичарки кои зад себе оставаат елегантен облак со цветен мирис. Мирисот на Chloe е спој од рози, магнолии и бел мошус.

7-zenski-parfemi-na-koi-nema-da-im-odoleete-ovaa-prolet-02


Dolce & Gabbana - "Dolce"

Повторно романтичен и префинет мирис кој е наменет за елегантните и ненаметливи жени. Мириса на цвет на папаја, јужноафрикански цвет и нероли.

7-zenski-parfemi-na-koi-nema-da-im-odoleete-ovaa-prolet-03


Dior - "Miss Dior Blooming Bouquet"

Ќе ги маѓепса нежните девојки кои сакаат опојни мириси. Нежен е, но и доволно силен за да го користите и како вечерен парфем.

Спој од праска, роза, божур и бел мошус.

7-zenski-parfemi-na-koi-nema-da-im-odoleete-ovaa-prolet-04


Versace - "Bright Crystal Absolu"

Секси, но сепак полесен од вообичаените парфеми, најновиот Versace парфем е создаден за заводничките кои обожаваат слатки мириси.

Содржи овошна нота на шипка и малина помешана со божур, лотус, магнолија и мошус.

7-zenski-parfemi-na-koi-nema-da-im-odoleete-ovaa-prolet-05


Kenzo - "Floralista"

Наменет исклучиво за девојките кои сакаат да се одвојуваат од останатите по својот мирис, а љубители се исклучиво овошни ароми.

Цветот од праска, крушка и јаболка, во комбинација со нежен божур се основните ноти на овој парфем.

7-zenski-parfemi-na-koi-nema-da-im-odoleete-ovaa-prolet-06


Marc Jacobs - "Daisy Delight" 

Баш како сите претходни, така и овој Daisy парфем е весел, разигран, наменет за девојките кои сакаат слатки мириси.

Комбинацијата на јаболка, ирис, гарденија, божур, мошус и сандаловина сигурно ќе ве освои од прва.

7-zenski-parfemi-na-koi-nema-da-im-odoleete-ovaa-prolet-07


Burberry - "Brit Rhythm for Women"

Лесен парфем кој е препорачлив како дневна варијанта, а содржи ноти на лаванда, мошус, цвет од портокал и неролија.

7-zenski-parfemi-na-koi-nema-da-im-odoleete-ovaa-prolet-08

Би можело да ве интересира:

Зошто луѓето во Шведска најчесто носат црна облека? Шведска е многу често поврзана со црната боја. Оние кои биле во главниот град на...
Како изгледа уличната мода на различни страни од светот? Во денешно време, изгледа како да модерните луѓе може да се најдат само низ улиц...
9 парчиња облека кои мажите ги сакаат на жените Кои парчиња облека ги обожаваат мажите на женското тело? На што се „запечатуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg