Момци, влезете во ритамот на пролетта со комбинација на елегантни и спортски модни парчиња (фото)

Април и мај се најубавите пролетни месеци, кога сѐ е разиграно, светло и позитивно. Без разлика дали сонцето силно блеска или облаците и дождот го кријат, вие можете пролетта да ја носите со себе.

momci-vlezete-vo-ritamot-na-proletta-so-kombinacija-na-elegantni-i-sportski-modni-parcinja-foto-001

Не може да останете незабележани кога во сивиот облачен ден ќе прошетате во некоја светла зелена или сина маичка, спортско или елегантно сако и некој интересен дезен на вратоврска. Верувајте дека сите погледи ќе бидат вперени кон вас.

Покажете стил и бидете храбри во комбинирањето. Барем во пролет е дозволено да си играте со модните комбинации од нешто елегантно и нешто спортско.

На тој начин ќе имате нешто што одговара и за на работа, факултет, но и нешто што совршено ќе ви се погоди за некое дневно кафе со пријатлите или саканата.

Одберете фармерки со кошула и џемперче или панталони во боја, едноставна маичка и елегантно сако.

Инспирирајте се од некоја од овие идеи и влезете во ритамот на пролетта:

Би можело да ве интересира:

Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
„Вечност“: Новата колекција на дизајнерката Стефанија Насеска, инспирирана од Златните маски од Треб... Дали има нешто поемотивно и повредно  од тоа да ‘копаш’ по сопствената исто...
Осум минималистички парчиња облека и додатоци што треба да ги имате за оваа сезона Фармерки со рамен крој, златни обетки, но и широк костим – кои минималистички па...
Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...
Moдните изданија на македонските познати дами на Саемот за венчавки - Антониа Гиговска издоминира со... Саемот за венчавки се одржува од 20 до 22 февруари годинава, а по традиција, пов...

Најчитани неделава