Матурски модни предлози за урбани момци и девојки (фото)

Матуранти и матурантки, сега е вашето време да блеснете во најдобро светло! Помешајте голема доза на елеганција и префинетост со помала доза на моменталните трендови и почувствувајте ја магијата на најубавата вечер!

modni-predlozi-za-site-urbani-maturanti-foto-01

Девојки, сигурни сме дека вашите мисли веќе одамна се загреани за идеалниот фустан.

Длабоко деколте или отворен грб се главните трендови кои секоја година успешно се провлекуваат, исто како и фустаните со долги ракави.

Што се однесува до боите - изборот е разновиден. Комбинирајте смирувачки тонови со впечатливи огрлици и прстени или обратно - веселите цветни фустани смирете ги со крем тонови.

Од материјалите задржете се до безвременската елеганција на тантелата во комбинација со лесен материјал кој ја следи линијата на телото, додека оние кои сакаат да ги сокријат вишокот килограми би требало да изберат лелеав материјал кој нема да ги оцртува сите несовршености.

Бидете свесни дека ве чека долг процес во пронаоѓањето на идеалниот матурски фустан. Сепак, еве еден добар почеток:

Момци, работата за вас е поедноставна - кошула, панталони и сако. Додајте дезенирана лептир машна и копчиња за манжетни кои ќе ја разбијат монотонијата и ќе ви дадат префинет излед.

Панталоните може да бидат во било која боја, пожелно е дури да одберете повесела заради тоа што пролетната сезона е во полн ек, додека сакото и кошулата може да бидат во потемни и посмирени тонови.

Избегнувајте комбинирање на повеќе дезени или повеќе од 3 бои и секогаш одбирајте тенки, лесни материјали кои ќе ви дадат доза на лежерност.

Доколку и вие сте сè уште по потрага во идеалниот моден спој, погледнете ги овие предлози:

Би можело да ве интересира:

8 трендови од 2016, кои се враќаат во мода во 2026, откако сите се опседнаа Од популарните чанти кои ги носеа „it“ девојките, до тенка марама околу врат, бо...
8 трендови за накит кои ќе доминираат во есен 2025 – треба да ги имате и вие Бисери во секоја варијанта, комбинација од жолто-златни и сребрени метали, ланчи...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026 Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...

Најчитани неделава