Модни грешки кои ниту една жена не смее да си ги дозволи

Кога станува збор за модната индустрија постојат правила кои се создадени за да се прекршат, но и правила кои не смеат да се прекршат.

modni-greski-koi-nitu-edna-zena-ne-smee-da-si-gi-dozvoli-2jpg

Затоа внимавајте кога си играте со трендовите, боите и секогаш гледајте она што го носите да ви прилега и секако да бидете едно со облеката.

Можеби досега сте прекршиле некое од овие правила, но следниот пат поправете ја вашата грешка.

Комбинирање на кратко здолниште со високи, тенки штикли

Тука не станува збор за тоа дали сте покажале премногу кожа или не. Кога комбинирате кратко здолниште со премногу високи штикли, тогаш правите една погрешна визуелна рамнотежа, односно не го постигнувате стилскиот ефект кој сте планирале. Краткото здолниште најдобро се комбинира со ниски чевли , балетанки или чевли на платформа.

Еден дизајнер од глава до пети

Без разлика за кој бренд станува збор, кога сте облечени во истиот од глава до пети изгледате како движечка реклама. Ако ви се допаднала куклата од излогот, избегнувајте целосно да купите сѐ од таа продавница и правете комбинации. Најважно е да изградите свој стил и да ја разберете модата надвор од нејзиниот контекст.

modni-greski-koi-nitu-edna-zena-ne-smee-da-si-gi-dozvoli-1

Носење облека која едвај ја облекувате

Постои гардероба која е создадена да изгледа преголема на вас или претесна, но кога фармерките едвај ги закопчувате тогаш време е да заборавите на нив. Зошто да носите чевли во кои едвај одите, маичка која едвај ја облекувате, фустан во кој едвај седнувате или воопшто гардероба во која не ви е удобно? Тие работи никогаш не се добра опција.

Стилот ве карактеризира 

Затоа немојте да облекувате нешто во кое се чувствувате туѓи во сопствена кожа. Не морате секогаш да бидете во чекор со последните модни трендови и да облекувате нешто што не ви прилега. Сами бидете свој стилист, вклучете ја креативноста и изразете се преку облеката. 

Би можело да ве интересира:

Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
8 модни формули со здолниште, идеални за (рана) есен Плисирано здолниште и џемпер, со високи чорапи и балетанки – идеална комбинација...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Мини, ленени, проѕирни: Модели на здолништа што ќе ги гледаме насекаде ова лето Од класично бело или црно, до мини здолниште со висок струк – што ќе биде во тре...

Најчитани неделава