Прирачник за мажи: Кравата или лептир машна?

Кога станува збор за формални настани како венчавки или други свечености, не се само жените тие кои имаат проблем со изборот на гардеробата, туку и мажите...

priracnik-za-mazi-kravata-ili-leptir-masna-01.jpg

Еден од проблемот при одбирање на соодветната гардероба кај мажите е и двоумењето меѓу кравата и лептир машната.

Следен пат кога ќе имате ваква дилема, сетете се на овие правила:

Нивото на формалност го одредува изборот

Доколку се одлучите за лептир машна, тогаш треба да размислите околу бојата и дрескодот на настанот кој планирате да го посетите. Ако одите на свечен настан како што е венчавка, тогаш овие свечености вклучуваат строги правила од типот: бела лептир машна, свечено палто во црна боја, чевли во црна боја...

За разлика од овие свечености, модерните настани се толерантни и нивниот дрескод се состои од класични одела во комбинација со црна кравата, кои во минатото биле резервирани само за неформални настани.

Личен стил

Откако ќе го одредите нивото на формалност на свеченоста која планирате да ја посетите, следно на што треба да обрнете внимание е личниот стил, но и на вашата возраст. Средношколците во ниеден случај не треба да посегнуваат по кравата, која за нивните години и стил може да изгледа смешно, а најмалку сериозно.

Во случаи кога краватата е задолжителна, младите треба да си поиграат со различните бои и видови на кравати, а постарите да се задржат до класиката на белото или црното.

priracnik-za-mazi-kravata-ili-leptir-masna-02.jpg

Кој модел на кошула одговара?

Кројот на кошулата треба да биде приспособен на вашиот тип на тело и градба, а јаката на кошулата треба да биде во согласност со краватата која сте ја одбрале. Типовите на јаките од кошулите го диктираат начинот на врзување на краватата.

За кравата:

Ако вашата кошула има широка или масивна јака, тогаш јазолот на краватата треба да биде богат и двоен, додека пак за ситните јаки одговара ниска кравата со помал јазол. Идеален тип на јака е онаа која ја создава буквата „V”.

За лептир машна:

Доколку вашиот избор е лептир машната, постојат два типа на кошула соодветни за неа: За поголема формалност одберете кошула со свиткани врвови, додека пак за помалку формален изглед можете да ја земете предвид кошулата со класична јака која повеќе одговара со смокинг и црна лептир машна.

Најважно од сѐ е да го одберете она во кое ќе се чувствувате удобно на настанот кој ќе го посетите. Доколку повеќе ги сакате лептир машните од краватите, тогаш одлучете се за она што повеќе одговара на вашиот личен стил.

Би можело да ве интересира:

Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Вирална кошула од ZARA која сите ја имаат сезонава – совршена за на работа (фото) Кошулата со сини и црвени пруги и голема панделка околу вратот изгледа како сите...

Најчитани неделава