Што да облечете кога „немате што да облечете“?

Како и секоја друга жена, веројатно и вас секој ден ви се случува следново - го отворате гардероберот, гледате неколку минути, затворате. Заклучувате дека немате што да облечете и решавате да не излезете. Нема полошо!

sto-da-oblecete-koga-nemate-sto-da-oblecete-01.jpg

Другата страна на ова ужасно чувство е што тоа не е воопшто точно. Вашиот гардеробер е полн со опции кои во моментот не сте во можност да ги видите.

Затоа, секогаш имајте ги на ум следниве 5 комбинации кои ќе ви се најдат за секоја пригода:

1. Темни фармерки, кошула и сако.

2. Еднобоен фустан, високи потпетици и впечатлив накит.

3. Тесно здолниште до коленици, широка кошула, високи потпетици.

4. Тесни фармерки, ролка и високи чизми.

5. Плетен фустан, дезенирани хулахопки и чизми над коленици.

Во недостатокот на инспирација избегнете ги мешавините од принтови и многу бои, како и комбинирањето на материјали. Задржете се до едноставноста ако не сакате да направите модна грешка.

Комбинирајте: Фармерки, класични панталони, црни здолништа, бела кошула, џемпери, палта и сакоа во темни тонови, еднобојни фустани, марами.

Избегнувајте: Широки панталони, шарени фустани, џинс од глава до пети, џемпери во повеќе бои, спортски патики.

А, ако ви е потребна пошарена фото - инспирација, уживајте:

Би можело да ве интересира:

Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облек...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...

Најчитани неделава