Машки прирачник: Кои копчиња од сакото треба да се закопчани, а кои откопчани?

Правилата за закопчување на сакото се многу поедноставни отколку што мислевте, а се клучни од две причини:

maski-priracnik-koi-kopcinja-od-sakoto-treba-da-se-zakopcani-a-koi-otkopcani-01.jpg

1. Начинот на кој го носите и закопчувате сакото ве „издава“ колку обрнувате внимание на деталите.

2. Во повеќето ситуации, закопчаното или откопчаното сако е клучно во тоа како изгледате и колку ви е удобно во сакото кое го носите.

maski-priracnik-koi-kopcinja-od-sakoto-treba-da-se-zakopcani-a-koi-otkopcani-02.jpg

Сако со едно копче

Повеќето модерни сакоа имаат само едно копче кое треба да биде закопчано кога стоите и се движите, а откопчано кога седнувате - толку е едноставно.


Сако со две копчиња

Првото, односно горното копче треба секогаш да биде закопчано, додека второто никогаш. Ќе изгледате непропорционално затоа што закопчаното сако ќе го издолжи горниот дел, но визуелно ќе ви ги скрати нозете.

Претерано високите мажи треба да го почитуваат обратното правило - првото копче да биде секогаш отворено, а долното секогаш закопчано.


Сако со три копчиња

Постојат две опции - додека стоите средното и горното копче треба да бидат закопчани, а последното повторно да остане отворено. Втората опција е да го закопчате само средното.

Додека седите, повторно важи правилото на сосема откопчано сако.


Сако со двоен ред копчиња

И кај овие модели правилото е едноставно - сите закопчани додека стоите, а сите откопчани кога седите.

Ако веќе сакате да експериментирате, најпаметно е да го оставите откопчан само првиот ред.

Би можело да ве интересира:

Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Мајка и ќерка од Македонија се облекуваат во тон: „Тешко е да се најдат исти парчиња за да сме целос... „Тиара (3) обожава да танцува, а во последно време „кујнските авантури“ ѝ се гол...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Предлог комбинации со кафеава боја – безвременска класика што е идеална за зима (фото) Тешко е да направите модна утка  со кафеава боја бидејќи лесно се комбинира...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...

Најчитани неделава