Што ќе се носи оваа есен?

shto-ke-se-nosi-ovaa-esen-povekjeТоплите денови се речиси позади нас, а летната облека наскоро ќе мора да ја замениме со потопла. Што ќе се носи оваа есен? Есента е годишно време кога...

 

...треба да инвестирате во неколку нови парчиња.

Неколку основни работи кои морате да ги имате во плакарот се – кратката кожна јакна, кошула и плетено елече. Тие траат по неколку сезони и задолжително мора да ги имате.

Доколку не сакате да експериментирате со боите одберете земјени тонови, нијанси на сива и кафена, маслинесто зелена или црна боја.

shto-ke-se-nosi-ovaa-esen-1

Белата кошула исто така припаѓа во есенските комбинации, како и црна или кремаста. Можете да ги комбинирате за секаде.

Црно сако и џемпер со копчиња се одличен избор за дневна комбинација, а најдобро е да ги носитре со фармерки и балетанки.

За вечерните излегувања можете да ги искористите и летните фустани комбинирајќи со чорапи и чевли на високи потпетици.

shto-ke-se-nosi-ovaa-esen-2

Високите чевли се повторно хит, но ако дневните обврски бараат многу движење одберете балетанки на место штикли. Оваа сезона мора да имате барем едни високи чизми и тоа најдобро од оние до над колена, а висината на штиклата одберете ја сами.

Боите на оваа есен се дефинитивно сива и црна, а препорачливи се и необични детали. Уживајте во комбинирањето!

Би можело да ве интересира:

Бајковита фотосесија на Македонка во ирски замок - впечатлив моден аутфит искомбиниран со гумени чиз... „Розовата наметка која ја носам е сплетена во Македонија, од вештите раце на наш...
6-те омилени модни додатоци на инфлуенсерките за есен и зима 2025 Машка вратоврска во аутфит со сако, марама врзана на половината врз капут или са...
10 модни трендови кои повторно се вратија во мода (и ќе ги гледате насекаде) Крокс сандалите повторно се во мода и се носат на секакви комбинации, бубрежињат...
14 одлични идеи како да носите боб-фризура во есен 2025 Ако сте подготвени за промена на фризурата - вистинскиот избор оваа есен ќе биде...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Александар Ортаковски со капсул-колекцијата Lady слави 4-годишнина од лансирањето на брендот ТАО Нашиот моден дизајнер Александар Ортаковски Ортак со капсул-колекцијата Lady сла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg