Црно од глава до пети: 7 начини како да ја освежите секоја црна комбинација

Црната боја е класика со која нема да погрешите, како во дневните, така и во вечерните варијанти.

crno-od-glava-do-peti-7-nacini-kako-da-ja-osvezite-sekoja-crna-kombinacija-01.jpg

Сепак, понекогаш ова модно црнило може да ви се чини досадно и да ви делува постојано исто.

Затоа совладајте ги овие модни трикови со кои изгледот „црно од глава до пети“ ќе го подигнете на едно ново, повисоко ниво.

1. Поиграјте си со текстурите

Црната боја никогаш не е досадна ако направите микс од различни текстури и материјали. Крзнениот капут во комбинација со црните кожни панталони секогаш ќе изгледа модерно и шик.

crno-od-glava-do-peti-7-nacini-kako-da-ja-osvezite-sekoja-crna-kombinacija-02.jpg


2. Графика на џемперот

Ако сакате повпечатлив изглед, појавете се со светла порака на џемперот или дуксерот. Освен што буквите ќе ја освежат комбинацијата, на вашиот изглед ќе му дадат уникатност.

crno-od-glava-do-peti-7-nacini-kako-da-ja-osvezite-sekoja-crna-kombinacija-03.jpg


3. Впечатлив накит

Комбинацијата во црно е секогаш добра основа за впечатлив накит. Можете да носите буквално што и да посакате, затоа што ќе изгледа одлично во контраст со едноставноста на облеката.

crno-od-glava-do-peti-7-nacini-kako-da-ja-osvezite-sekoja-crna-kombinacija-04.jpg


4. Проѕирни детали

Направете комбинација од проѕирни материјали како на пример тантела. Тантелата добро се вклопува и во слоевитото облекување, заради што идеално се вклопува и во овие постудени денови. Голата кожа ќе биде детаљ покрај кој нема да ви треба накит.

crno-od-glava-do-peti-7-nacini-kako-da-ja-osvezite-sekoja-crna-kombinacija-05.jpg


5. Експериментирајте со слоевите и кроевите

Препуштете и се на фантазијата и експериментирајте. Носете асиметрични парчиња облека, карнери и слоеви материјал.

crno-od-glava-do-peti-7-nacini-kako-da-ja-osvezite-sekoja-crna-kombinacija-06.jpg


6. Дискретен принт

Дискретниот принт на црна подлога е генијален начин да ја освежите целата комбинација. Ќе изгледате повпечатливо, но и понатаму класично и елегантно.

crno-od-glava-do-peti-7-nacini-kako-da-ja-osvezite-sekoja-crna-kombinacija-07.jpg


7. Ефектни чевли

Еден пар ефектни, црни чевли никогаш не ви се вишок. Чизмите над колена се идеален избор кој може да го нозите со кратки фустани, здолништа, дезенирани хулахопки и зимски туники.

crno-od-glava-do-peti-7-nacini-kako-da-ja-osvezite-sekoja-crna-kombinacija-08.jpg

Би можело да ве интересира:

Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Предлог комбинации: Осум принтови кои се огромен хит оваа пролет Цветниот принт, но во посуптилна верзија, како и животинскиот принт во секоја фо...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Мајка и ќерка од Македонија се облекуваат во тон: „Тешко е да се најдат исти парчиња за да сме целос... „Тиара (3) обожава да танцува, а во последно време „кујнските авантури“ ѝ се гол...

Најчитани неделава